City Flowers Skopje

Услови на користење

Добредојдовте на cityflowers.mk Ве молиме внимателно прочитајте ги Општите услови за користење, Политиката за заштита на личните податоци и Политиката за испорака пред да започнете да ја користите интернет продавницата. Со користење на интернет продавницата cityflowers.mk и купувањето на производи значи дека се согласувате и се обврзувате кон истите. Доколку имате прашања слободно контактирајте не.
 

Авторско право, трговска марка и интелектуална сопственост

Сите материјали на оваа веб страница се во сопственост на Сити Фловерс доо споственик на cityflowers.mk. Секое копирање, дистрибуирање, пренесување, или на друг начин модифицирање и користење на материјалите од оваа веб страница без изречена писмена дозвола од Сити Фловерс доо е строго забрането. Секое прекршување на оваа политика може да резултира со прекршоци на авторските права, трговската марка или друга интелектуална сопственост и може да го доведе корисникот до граѓанска или кривична одговорност
 

Заштита на лични податоци

Заштитата на личните податоци на корисникот подетално e опишана во делот Политиката за заштита на личните податоци. 
 

Купување преку cityflovers.mk

 

1.    ОПИС НА ПРОИЗВОДОТ И ФОТОГРАФИИ

За сите производи кои се продаваат преку cityflowers.mk направен е обид да се опишат најблиску и најточно што може. Фотографиите ги прикажуваат вистинските производи и пакувања и истите се во сопственост на Сити Фловерс доо Скопје.
 

2.    ЦЕНИ

Сите цени на сајтот се изразени во денари и во нив се вклучени трошоците за производот, пакувањето и трошоците за испорака на производот до вашата адреса. 
Во дадените цени е вкалкулиран 18% ддв.
Цените може да варираат во зависност од промените на цените на режаниот цвет и саксиските цвеќиња кои се продаваат на берзата, согласно временскиот период и сезоните во кои се достапни.
 

3.    ДОСТАПНОСТ

За сите производи кои се продаваат преку cityflowers.mk правиме обид постојано да ги имаме на залиха, но не гарантираме дека одреден производ секогаш ќе биде достапен.

Ве молиме имајте во предвид дека постои можност одредени цвеќиња, зеленило или саксии да не се достапни во моментот на вашата нарачка. Во ваков случај, извршуваме замена на истите со најслични на нарачаните (со еднаква или поголема вредност) и со чија употреба ќе го задржиме истиот дизајн на букетот/аранжманот кој сте го одбрале.  Доколку мислиме дека заменските цветовиили бои ќе го променат одбраниот дизајн ќе ве контактираме во најкус можен рок. Во тој случај со ваша согласност може да ви испратиме друг или сличен производ на одбраниот или пак ако истиот да е платен,а не сакате заменски произовд, финансиските средства ќе ви бидат рефундирани од страна на Сити Фловерс доо.
 

4.    ПОСТАПКА ЗА НАРАЧКА НА ПРОИЗВОД


Чекор 1: Одберете производ
Чекор 2: Одберете од дадените опции за големина на букет / големина на собно растение / во украсна саксија или украсна хартија
Чекор 3: Одберете количина
Чекор 4: Кликнете на копчето "Внеси во кошничка" и производот е внесен во вашата кошничка
Чекор 5: Проверете ја состојбата во вашата кошничка и ако е се во ред кликнете на копчето 'кон плаќање' или ако сакате да продолжите да купувате и други производи кликнете на копчето 'продолжи со купување'
Чекор 6: Внесете ваши податоци 'Податоци за купувачот' . Ако купувачот е исто лице со примачот штиклирајте го полето 'Примачот е ист со купувачот?' и податоците автоматски ке се пополнат кај примачот . Доколку примачот е друго лице внесете ги неговите податоци во полето  'Податоци за примачот'
Чекор 7: Одберете датум на кој сакате да се изврши испораката  
Чекор 8: Внесете ја пораката која сакате да биде напишана на картичката за порака,
штиклирајте го полето 'Се согласувам со условите и полтиките на купување' и кликнете на копчето 'Купи'
Чекор 9: Внесете ги вашите податоци од платежната картичка за да може да се изврши плаќањето
Чекор 10: Откако ќе го извршите плаќањето ќе добиете порака "УСПЕШНА ТРАНСАКЦИЈА"  и потврда за вашата нарачка на вашиот емаил кој сте го оставиле за контакт.
*** Доколку не добиете потврда за "УСПЕШНА ТРАНСАКЦИЈА"  значи дека имало проблем при нарачката и истата не е реализирана. Во овој случај проверете да не сте направиле пермутација на броевите при внесувањето на податоците од вашата платежна картичка, проверете ја состојбата на вашата платежна картичка и обидете се повторно да ја направите нараката. Доколку ви е потребна помош Ве молиме контактирајте не на следниот телефонски број 070272728 или емаил info@cityflowers.mk
 

5.    ПЛАЌАЊЕ

Плаќањето за вашата нарачка можете да го направите со:

  • Платежна картичка (MasterCard, Maestro, Visa) - Трансакцијата при плаќање на производот е пренасочена и се процесира преку порталот за наплата од платежни картички на НЛБ Тутунска Банка. Порталот ги користи сите организациски и најнови технички мерки за заштита на податоците и сите процеси се одвиваат преку сигурна конекција со банката.

За секоја успешна нарачка и плаќање ќе ви биде испратена електронска фактура на вашата емаил адреса која сте ја оставиле за контакт.
 

6.    ИСПОРАКА

Cityflowers.mk испорачува на територија на Град Скопје и има склучено договор за соработка со повеќе оператори за испорака на пратки. Нарачаните производи ќе Ви бидат испорачани до адресата која сте ја навеле како адреса за испорака.
Испорака на нарачките се извршува:

-  од денес за утре

, секој работен ден од Понеделник до Петок.

Испораката на производите се извршува во период од 10.00  до 16.00 часот, од Понеделник до Петок..

Имајте во предвид дека во Сабота, Недела и државни празници не испорачуваме подари тоа што нашиот став вели дека покрај работата, вработените треба да имаат слободно време за дружење со себе, семејството и пријателите. Од тие причини овие ги користиме да се релаксираме и празнуваме.

Доколку  курирот кој ја врши испорака не успее да Ве најде на дадената адреса и да Ви ја предаде пратката, ќе Ви биде оставено писмено известување за направениот обид. Курирот ќе изврши втор обид за достава во истиот ден и доколку повторно не ве најде на дадената адреса ќе бидете контакитрани на телефонскиот број кој сте го оставиле за контакт. Од таа причина е многу важно при нарачката да оставите точни податоци и точен телефонски број. Истите се користат единствено при испораката. 
 

7.     РЕКЛАМАЦИИ И ПОЛИТИКА НА ПОВРАТ НА СРЕДСТВА ОД ИЗВРШЕНА ТРАНСАКЦИЈА

Нашата цел е да бидете комплетно задоволни со цвеќињата кои ги купувате од кај нас и правиме се да излеземе во пресрет на секое барање. Ако цвеќето не е доволно свежо или пак оштетено воопшто не го испраќаме или продаваме. Квалитетот е еден од нашите водечки вредности и ние со гордост стоиме позади тоа.

Доколку од било кои причини не сте задоволни од испорачаното цвеќе Ве молиме пополнете ја оваа контакт форма за рекламација, во текот на истиот ден кога е извршена испораката.

Откако ќе ја разгледаме вашата рекалмација, ако е одобрена ќе ви бидат рефундирани вашите средства или ќе ви биде испратено ново цвеќе.

Рефундирањето на уплатениот износ ќе го извршиме директно на платежната картичка, односно трансакциска сметка од која е извршена првичната нарачка во рок од 14 дена или порано.
 

8.     РАБОТНО ВРЕМЕ

Понеделник – Петок: 09.00 – 17.00 h

Сабота: 09.00 – 16.00 h
 

9.     ОДГОВОРНОСТИ НА cityflowers.mk

-       Cityflowers.mk ги презема сите расположиви мерки да овозможи највисока сигурност и безбедност на веб страницата. Меѓутоа, не можеме да гарантираме дека е невозможен пристап на хакери, компјутерски вируси и слично со што и корисниците би биле засегнати. Секој корисник се согласува да ја употребува оваа веб страница на сопствен ризик.

-       Нашата цел е cityflowers.mk да биде достапен 100% од времето, меѓутоа може да се случи страницата да е е недостапна во одредени периоди поради било каква причина надвор од наша контрола . Во никој случај нема да сносиме никакви материјални или други последици доколку не сме во можност користењето на интернет продавницата да биде непречено или целосно без грешки.

-       Доколку е присутен линк кој ќе Ве поврзе со други страни, ние не превземаме никаква одговорност во однос на информациите и заштитата на личните податоци кои ги обезбедуваат тие интернет страни. Сити Фловерс не ги прегледува веб страниците на кои преку линк се стигнува до cityflowers.mk и не е одговорна за содржината на веб страниците кои упатуваат на нејзината веб страница.

-       За технички ненамерни грешки, неправилен опис на производите кои би можеле да се појават на веб страницата, Сити Фловерс не превзема одговорност. Доколку производот понуден и добиен од cityflowers.mk не е во согласност со описот, ваше право е да го вратите неоштетен и неупотребен (подетално опишано во Политика на враќање).

-       Секој корисник при регистрација и купување, изјавува дека е запознаен и се согласува со нашата Политика за заштита на личните податоци.

-       Корисниците кои купуваат преку cityflowers.mk имаат можност да објавуваат искуства, забелешки и пофалби за производите или да објават коментари, прашања или други информации се додека содржината на истите не е нелегална, заканувачка, навредлива или категоризирана како 'spam'. Cityflowers.mk ќе ги отстрани сите пораки кои спаѓаат во горенаведените категории. 

-       Сити Фловерс може да ги промени овие Услови на користење, политиките и општите одредби во било кое време. Сити Фловерс го задржува правото да додава, менува, надградува, укинува, стопира услуги или воведува услови за услугите на cityflowers.mk без претходно известување. 
 

10.     КАКО ДА НЕ КОНТАКТИРАТЕ

Сити Фловерс доо
Костурски Херои 6/7, 1000 Скопје
Македонија
Тел. 070272728
Електронска пошта: info@cityflowers.mk

Совети за одгледување и промоции?