City Flowers Skopje

Политика за заштита на лични податоци

ПОЛИТИКА ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ

Политиката за заштита на лични податоци ги содржи практиките за приватност на веб страната na Сити Фловерс, и објаснува како Сити Фловерс доо (во понатамошниот текст "ние" ) ги користи вашите податоци, и се однесува на нашата веб страна www.cityflowers.mk Со Политиката за заштита на личните податоци се уредува правото на приватност и сигурност на личните податоци кои се цел на обработка. Ве молиме прочитајте ја Политиката за заштита на лични податоци како полесно би разбрале кои информации ги собираме од Вас и како ги користиме тие информации. Исто така препорачуваме и повремено да ја проверувате истата за најновите податоци од нашата практика за приватност.  Секоја измена ќе биде евидентирана.

Со пристaпување или со користење на нашата веб страна се согласувате со сите услови дефинирани во оваа Политика за заштитa на лични податоци и Условите за користење на нашата веб страна. 

ПРИБИРАЊЕ И ОБРАБОТКА НА ИНФОРМАЦИИ

За лични податоци се сметаат податоците со кои се утврдува идентитетот на потрошувачот како што се: име, презиме, поштенска адреса, контакт телефонски број и електронска адреса и истите се доброволно поднесени од корисниците нa cityflowers.mk. Сити Фловерс не собира лични податоци за корисниците, освен ако не е за конкретна намена како што е извршување на нарачка или пријавување на нашата мејлинг листа.

УПОТРЕБА И ЧУВАЊЕ НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ

Сити Фловерс нема да ги злоупотребува, нема да ги дава ниту открива личните податоци на корисниците, освен во случаи кога тоа го пропишува законот. Употребата на личните податоци ќе биде исклучиво за технички потреби за интернет страната, за да овозможи пристап до специфични информации или за општа комуникација со корисниците. Сите податоци за корисницитесе чуваат строго и им се достапни само на вработените во нашата компанија и истите се обврзани да ја почитуваат доверливоста на вашите податоци.

СЛОБОДА НА ИЗБОРОТ

Секој корисник доброволно ги дава своите лични податоци на Сити Фловерс и сам ги контролира информациите што ги дава. Доколку корисникот одлучи да не ги дава своите информации на Сити Фловерс треба да има во предвид дека некои делови од интернет страницата може да не бидат достапни. Корисниците кои ќе одлучат да се одјават од нашата мејлинг листа, истото можат тоа да го направат со испраќање на порака на unsubscribe@cityflowers.mk

ЗАШТИТА НА ВАШАТА СМЕТКА

Вашата лозинка е клучот од вашата сметка. Вашето корисничко име и лозинка треба да се разликуваат и да Ви бидат познати единствено Вам.  Препорачуваме при креирање на вашата лозинка да користите броеви, букви и специјални знаци. Доколку изгубите контрола врз лозинката, губите контрола и врз вашите лични податоци и можете да станете предмет на законски водени активности направени во ваше име.  Доколку вашата лозинка е компромитирана од било која причина, веднаш известете нè и променете ја лозинката.

COOKIES/ТЕХНОЛОГИЈА НА СЛЕДЕЊЕ

Оваа веб страница може да употребува колачиња (cookies) и технологија на следење кои се корисни за прибирање на информации (не-лични податоци) како што се тип на пребарувач и оперативен систем, следење на број на корисници на веб страницата и просечно време на употреба на веб страницата од страна на корисниците. Овие информации се снимаат автоматски и се користат за подобрување на содржината и функционалноста на веб страницата со цел прилагодување кон потребите на корисниците. Овие информации не се проследуваат понатаму и не се пренесуваат на трета страна.

МАЛОЛЕТНИ ЛИЦА

Сити Фловерс им препорачува на сите родители и старатели да ги научат своите деца на безбедно и одговорно ракување со личните податоци на интернет. Малолетните лица не смеат да даваат лични податоци без дозвола од нивните родители или старатели. Сити Фловерс никогаш нема намерно да земе лични податоци од малолетници, или да ги употреби на некој начин, ниту да ги проследи на трета страна без дозвола.

ВРСКИ СО ДРУГИ ИНТЕРНЕТ СТРАНИ

Објавите во оваа Политика за заштита на лични податоци се однесуваат само за оваа веб страница. Кога ќе ја напуштите интернет страната cityflowers.mk  Ве молиме бидете свесни и прочитајте ги политиките за лични податоци на секоја интернет страна.

ИНФОРМАЦИИ ЗА ПОЛИТИКАТА ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ
Доколку сакате да добиете додатни информации околу начинот на кој ние ги зачувуваме и користиме Вачите лични податоци, или пак да добиете повеќе информации околу вашите права и заштитата на личните податоци, можете да не контактирате:
лице: Ивана Николов
тел за контакт: +389 70 313 700
email: ivana@cityflowers.com
адреса: Сити Фловерс, Костурски Херои 6/7, 1000 Скопје

ПРИСТАП, ПРОМЕНА И БРИШЕЊЕ НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ
Доколку сакате да ги промените или пак да ги избришете Вашите лични податоци, Ве молиме испратете Барање за прверка, промена или бришење на вашите податоци, на следната емаил адреса: ivana@cityflowers.com, или пак во писмена форма на нашата адреса Костурски Херои 6/7, 1000 Скопје, Македонија
Во барањето наведете ги:
- Вашето Име и Презиме
- Контакт Телефон
- емаил адреса или пак адреса каде би сакале да добиете одговор
- Причина поради која барате да се достават информации за обработка на личните податоци или да се запре обработката на лични податоци.

ОБЈАВА ЗА ПРОМЕНИ

Доколку има промени во нашата заштита на личните податоци, истите ќе бидат напишани во оваа изјава за заштита на личните податоци, почетната страница и на други места за кои сметаме дека се соодветни. Последна промена: Октомври 2021

Совети за одгледување и промоции?