Почитувани корисници, согласно мерките за спречување од ширење и заштита од Covid-19, ве известуваме дека сервисот на City Flowers нема да работи. Да се однесуваме одговорно, да ги почитуваме препораките и да се грижиме за јавното здравје. <3

City Flowers Skopje

КОРПОРАТИВНИ УСЛУГИ

Сакате да го освежите и разубавите просторот околу Вас... за Вас, за Вашите вработени и за Вашите кленти? Решението е едноставно – контактирајте нè и ние ќе се погрижиме постојано да имате свежо цвеќе на Вашата рецепција, во канцеларијата или ресторанот.

Покрај сите обврски и грижи поврзани со Вашата работа, нема потреба дополнително да се грижите и за тоа што се случува со цвеќињата. Затоа контактирајте нè и препуштете ни ја таа обврска нам. Со радост и задоволство ќе се грижиме за секое свежо цвеќе или пак саксиско растение кое Ви го разубавува секојдневието.

И кога сме веќе кај клиентите и Вашите деловни соработници, имате желба да искажете почит и благодарност за довербата која ја имаат во Вас или сакате да ги израдувате за нивниот роденден? Сега имате начин тоа да го сторите брзо и едноставно. Испратете им букет цвеќе и искусете ја магијата што следи. Побарајте нè и бидете сигурни дека го имате најдоброто решение кое вистински Ве претставува Вас и Вашиот бизнис, а тоа значи најдоброто свежо цвеќе подготвено од тимот на City Flowers.

Затоа контактирајте нè и ние ќе Ве посетиме да поразговараме за Вашите потреби и да отвориме Ваша бизнис сметка за да можете да нарачувате онлајн, преку телефон или пак преку имејл.

 

Порачај букет до 14:30 за испорака истиот ден!

Совети за одгледување и промоции?