Cityflowers.mk врши испорака само на територија на Град Скопје и истата е секогаш бесплатна.
Испораката се извршува :
- од денес за утре
- секој работен ден од понеделник до сабота.
Исто така можете да закажете испорака на одреден датум, два месеци однапред.
Недела и државни празници се неработни денови.
Hoya kerrii попознато како Lucky Hearts, Sweetheart Plant или Valentine Hoya, со своите ливчиња во облик на срце претставува совршен подарок за Вашата сакана личност. Испратете дел од љубовта во вашето срце на еден поразличен и несекојдневен начин.
Картичка за лична порака е вклучена.
Температура: Идеална собна температура 15-26 °C.
Светлина: Ова растение може да издржи и во простории со ниско ниво на светлина, но за да расте и цвета му е потребно повеќе светлина. Можете даго поставите било каде во просторијата, но не го поставувајте на директно сонце.
Наводнување: Најдобро е да дозволите земјата во која е засадено растението да се исуши целонсо пред повторно да го наводнувате. Внимавајте да не го наводнувате премногу бидејки постојана влажна земја може да придонесе до скапување на корените на растението. Еднаш до два пати месечно е доволно да се наводнува, по неколку капки вода бидејки растението е во малечка саксија. Кога ќе го пресадувате растението, саксијата е потребно да има дупки од каде ќе истекува вишокот на вода.
Земја: Користете земја со добра дренажа, односно земја која се користи за кактуси и сукуленти.
Прихрана: Додека растението е мало или само со едно ливче доволно е да се прихранува еднаш до два пати годишно. Повозрасните растенија со повеќе ливчиња можат да се прихрануваат 5-6 пати годишно со течна прихрана.
Пресадување: Ова растение треба да се пресади кога ќе пушти нови ливчиња или на секои две години.