Cityflowers.mk врши испорака само на територија на Град Скопје и истата е секогаш бесплатна.
Испораката се извршува :
- од денес за утре
,секој работен ден од Понеделник до Сабота.
Исто така можете да закажете испорака на одреден датум, два месеци однапред.
Недела и државни празници се неработни денови.
Температура: Оптимална температура за раст и развој е 18-35 °C. Отпорноста на суша го прави овa растение идеално за одгледување во простории со централно греење во текот на зимата.
Светлина: Сансеверијата најдобро успева на осветлено и сончево место. Сепак добро поднесува и места со малку светлина.
Наводнување: Треба многу умерено да се залева. Во зима кога нема доволно светло, а температурата е под 20°C, залевајте ја многу ретко. На температура од 15 °C треба да престанете со залевање.
Земја: Песоклива и прозрачна земја која не смее да содржи тресет односно земја наменета за сукуленти и кактуси.
Прихрана: Од Мај до Септември прихранувајте ја еднаш месечно со течно или минерално ѓубриво.