Драги корисници, Услугата Испорака ден за ден на 08.03.2019 нема да биде достапна. Од таа причина за испорака на 8 Март , Вашите нарачки потребно е да ги направите од денес па најдоцна до 07.03.2019 год до 14.30 часот. Нека е Честит Денот на Женатa <3

City Flowers Skopje

Маранта

Маранта (Maranta leuconeura) - едно од најубавите собни растенија помеѓу сите видови кои постојат. Има крупни зелени листови со најпрекрасни шари и бои. Најинтересно е што не можете, а да не ја забележите J  Преку ден има еден изглед, а штом падне ноќта ја менува положбата на своите листови, а со тоа и својот изглед. Вистински пријател за Вас или за Вашите најблиски кои знаете дека ќе се радуваат на ова весело растение покрај себе.

Моментално ја имаме во една големина, а можете да одберете помеѓу Маранта во керамичка саксија или спакувана во украсна хартија. Картичка за лична порака е вклучена.



Количина:

На залиха
Популарни дополнителни производи
Meче
(30 см)
+ 550 ден
MERCI
(250 гр.)
+ 410 ден
Ferrero Rocher
(200 гр.)
+ 420 ден
Lindt Lindor
(200 гр.)
+ 410 ден
BAJADERA
(200 гр.)
+ 390 ден
RAFFAELLO
(150 гр.)
+ 320 ден
ЧЕСТИТКА
Night Shift
+ 50 ден
TOFFIFEE
(200 гр.)
+ 370 ден

Cityflowers.mk врши испорака само на територија на Град Скопје и истата е секогаш бесплатна.
Испораката се извршува :

-       Истиот ден – за нарачки кои се извршени до 14.30 часот во работен ден.
-       Нареден ден – за сите нарачки кои ќе се извршат по 14.30 часот во работен ден.

Испораката се извршува секој ден од Понеделник до Петок, а во Сабота се извршува на следниот начин:

-       Истиот ден – за нарачки кои се извршени до 10.00 часот во Сабота.
-       Нареден ден – за сите нарачки кои ќе се извршат по 10.00 часот во Сабота.

Недела и државни празници се неработни денови.


Повеќе

Маранта (Maranta leuconeura) - едно од најубавите собни растенија помеѓу сите видови кои постојат. Има крупни зелени листови со најпрекрасни шари и бои. Најинтересно е што не можете, а да не ја забележите J  Преку ден има еден изглед, а штом падне ноќта ја менува положбата на своите листови, а со тоа и својот изглед. Вистински пријател за Вас или за Вашите најблиски кои знаете дека ќе се радуваат на ова весело растение покрај себе.

Моментално ја имаме во една големина, а можете да одберете помеѓу Маранта во керамичка саксија или спакувана во украсна хартија. Картичка за лична порака е вклучена.

Висина на растението: 15-20 см

Имајте во предвид дека постои можност одредени цвеќиња, бои или саксии да не се достапни во моментот на вашата нарачка. Во ваков случај, извршуваме замена на истите со најслични на нарачаните (со еднаква или поголема вредност) и со чија употреба ќе го задржиме истиот дизајн на цвеќето/аранжманот кој сте го одбрале. 

Светлина: Директната сончева светлина може да ги изгори листовите на растението и брзо да го убие. Таа претпочита светлина, но индиректна сончева светлина, а е генерално е толерантна и на простории каде има помалку светлина.
Наводнување: Ова растение не сака да биде суво. Одржувајте ја земјата рамномерно влажна, но никогаш не доволувајте да биде премногу мокра. Постојано мокра земја може да доведе до скапување на кореновиот систем. За наводнувањето користете вода која ја има собната температура или млака вода. Во зимскиот период намалете со наводнувањето.
Температура: Оптимална температура за ова растение е од 16 до 20°C. Бидејки сака влажен воздух потребно е да ја оросувате на секои два дена со млака отстојана вода, посебно во текот на зимата во услови на централно греење. Исто така, можете да поставите камчиња во подлошката на саксијата и во неа постојано  да залевате вода. Таа ќе испарува и ќе му овозможи повеќе влага на растението.
Земја: Користете земја со добра дренажа. Доколку земјата ја задржува водата можете да ја измешате со ситен песок со цел да обезбедите подобра дренажа. 
Прихрана: Додавајте течно ѓубриво за зелени растенија на секои 2 недели во периодот од пролет до есен.
Пресадување: Секоја пролет пресадувајте го растението во плитки саксии. Додека не зажилат пресадените растенија чувајте ги на топло, светло и затворено место и обезбедете им доволно влага.
Размножување: Постојат два начини на размножување -со делење на коренот и со резници. Делењето на коренот се врши од јули до април и внимавајте секој дел од коренот мора да има жилички. Со резници се размножува во пролет, а резниците се земаат од изданки од врвот кои треба да се посадат во влажен песок на температура од 18 до 22°C. 

Достава

 

Изненадувања

 

+389 70 272 728

Наш предлог

Порачај букет до 14:30 за испорака истиот ден!

Совети за одгледување и промоции?