Cityflowers.mk врши испорака само на територија на Град Скопје и истата е секогаш бесплатна.
Испораката се извршува :
- од денес за утре
- секој работен ден од понеделник до сабота.
Исто така можете да закажете испорака на одреден датум, два месеци однапред.
Недела и државни празници се неработни денови.
Наводнување: Секогаш бидете сигурни дека корењата се убаво потопени во вода. Додавајте свежа вода на секој 7 до 10 дена за да го одржите вашиот Lucky Bamboo среќен. Во водата може да се формираат алги, па затоа чистете го садот во кој се наоѓа бамбусот на неколку месеци. Хлорот може штетно да делува на ова растение, па затоа најдобро е да се остави водата да отстои преку ноќ пред да го залевате вашиот Lucky Bamboo.
Светлина: Толерира мала осветленост и индиректна сончева светлина. Сепак повеќе ќе расте доколку се постави на поосветлено место, па затоа чувајте го во добро осветлена просторија, но не на директна изложеност на сонце.
Температура: Оптимална температура за раст и развој е од 18- 35°C што го прави ова растение погодно за чување дома или во вашата канцеларија. За време на ладните месеци, бидете внимателни и не го оставајте вашиот бамбус на ладно место.
Преместување во поголем сад: Вашиот бамбус треба да го преместите во поголем сад тогаш кога неговите коренчиња ќе станат премногу збиени и испреплетени во садот во кој расте. За тоа ќе ви бидат потребни поголем сад и мали камчиња. Внимателно подигнете го бамбусот и пренесете го во новиот сад. Покријте ги коренчињата со иситнетите камчиња. Додадете вода до ниво каде коренчињата и камчињата ќе бидат целосно покриени, но внимавајте стеблата на бамбусот да не бидат премногу навлажнети.