Cityflowers.mk врши испорака само на територија на Град Скопје и истата е секогаш бесплатна.
Испораката се извршува :
- Истиот ден – за нарачки кои се извршени до 14.30 часот во работен ден.
- Нареден ден – за сите нарачки кои ќе се извршат по 14.30 часот во работен ден.
Испораката се извршува секој ден од Понеделник до Петок, а во Сабота се извршува на следниот начин:
- Истиот ден – за нарачки кои се извршени до 10.00 часот во Сабота.
- Нареден ден – за сите нарачки кои ќе се извршат по 10.00 часот во Сабота.
Недела и државни празници се неработни денови.
Температура: Идеална собна температура 15-24 °C.
Светлина: Ова растение сака светлина и неколку часа директна светлина ќе придонесе да биде среќно и здраво. Не го поставувајте на директно сонце во периодот кога е најсилно, бидејки може да доведе до оштетување на листовите.
Наводнување: Најдобро е да дозволите земјата во која е засадено растението да се исуши целонсо пред повторно да го наводнувате. Многу вода и постојана влажна земја може да придонесе до скапување на корените на растението. Не дозволувајте да останува вода помеѓу листовите кога го наводнувате растението. Во текот на зимскиот период се полева многу ретко.
Земја: Користете земја со добра дренажа, односно земја која се користи за кактуси и сукуленти.
Прихрана: Се прихранува со течно ѓубриво одприлика на секои 14 дена. Во текот на зимскиот период не се прихранува.