Cityflowers.mk врши испорака само на територија на Град Скопје и истата е секогаш бесплатна.
Испораката се извршува :
- од денес за утре
- секој работен ден од понеделник до петок, во период од 10.00 до 16.00 часот.
Исто така можете да закажете испорака на одреден датум, два месеци однапред.
Недела, Сабота и државни празници се неработни денови.
За испорака во другите градови низ Македонија контактирајте не на info@cityflowers.mk
Температура: Идеална собна температура за растението 15-24 °C.
Светлина: Ова растение сака светлина и неколку часа директна светлина ќе придонесе да биде среќно и здраво. Не го поставувајте на директно сонце во периодот кога е најсилно, бидејки може да доведе до оштетување на листовите.
Наводнување: Најдобро е да дозволите земјата во која е засадено растението да се исуши целонсо пред повторно да го наводнувате. Многу вода и постојана влажна земја може да придонесе до скапување на корените на растението. Не дозволувајте да останува вода помеѓу листовите кога го наводнувате растението. Во текот на зимскиот период се полева многу ретко.
Земја: Користете земја со добра дренажа, односно земја која се користи за кактуси и сукуленти.
Прихрана: Се прихранува со течно ѓубриво одприлика на секои 14 дена. Во текот на зимскиот период не се прихранува.