Cityflowers.mk врши испорака само на територија на Град Скопје и истата е секогаш бесплатна.
Испораката се извршува :
- од денес за утре
- секој работен ден од понеделник до сабота.
Исто така можете да закажете испорака на одреден датум, два месеци однапред.
Недела и државни празници се неработни денови.
Хлорофитумот (Chlorophytum) е растение кое брзо расте и е доста лесно за одгледување. Одличен избор на подарок за луѓе кои се почетници во одгледувањето на растенија. Израдувајте ги вашите најблиски и направете им го денот поубав.
Потребно е само да одберете дали да го испратиме во керамичка саксија или пак во украсна хартија. Картичка за лична порака е вклучена.
Температура: Минималната температура не треба да падне под 7°C. Идеална собна температура 15-24°C.
Светлина: Ова растение сака светлина во просторијата во која се наоѓа, но не директна сончева светлина.
Наводнување: Во периодот помеѓу пролет и лето е потребно да се наводнува почесто, а во зима намалете го наводнувањето. Исто така внимавајте да не го наводнувате премногу бидејки многу вода и постојана влажна земја може да придонесе до скапување на корените на растението.
Земја: Одговара секоја мешавина од земја за садење.
Прихрана: Се прихранува со разредено течно ѓубриво во периодот помеѓу пролет и лето. Во текот на зимскиот период не се прихранува.
Пресадување: Се пресадува во пролет доколку растението порасне поголемо од својата сакскија. Проверете дали има корени кои излегуваат од дупките за дренажа на саксијата.