City Flowers Skopje

Фикус Бонсаи

  • Висина на растението прикажано на фотографијата: 30-40 см
  • Достапно во повеќе големини
  • Се испорачува со керамичка саксија
  • Вклучена е бесплатна картичка за порака и упатство за нега
  • Можност за избор на дополнителни производи (пијалок, чоколади, мече...)
  • Бесплатна испорака во Скопје 


Количина:

На залиха
Популарни дополнителни производи


Хелиум Срце
(1 балон)
+ 450 ден
Хелиум балони
(7 балони)
+ 1400 ден
Среќен Роденден
(1 балон)
+ 450 ден
Baby Boy
(1 балон)
+ 450 ден
Baby Girl
(1 балон)
+ 450 ден


MERCI
(250 гр.)
+ 630 ден
TOFFIFEE
(200 гр.)
+ 600 ден
Lindt Lindor
(200 гр.)
+ 650 ден
BAJADERA
(200 гр.)
+ 630 ден
RAFFAELLO
(150 гр.)
+ 450 ден


Bajadrea Ликер
Badel 0.7 л
+ 1550 ден
Pelinkovac
Badel 0,7 л
+ 1100 ден
T'ga za Jug
Тиквеш 0,75 л.
+ 550 ден
ALEXANDRIA
Тиквеш 0,75 л.
+ 550 ден
Barovo - Црвено
Тиквеш 0,75 л
+ 2500 ден
Alexandria Cuvée - Црвено
Тиквеш 0,75 л.
+ 750 ден
Alexandria Cuvée - Розе
Тиквеш 0,75 л.
+ 750 ден
Alexandria Cuvée - Бело
Тиквеш 0,75 л.
+ 750 ден


Мече
(25 см)
+ 680 ден


Стаклена Вазна
(20 см)
+ 450 ден
Информации за производот

Cityflowers.mk врши испорака само на територија на Град Скопје и истата е секогаш бесплатна.
Испораката се извршува :

-       од денес за утре

-       секој работен ден од Понеделник до Петок

Исто така можете да закажете испорака на одреден датум, два месеци однапред.

Недела, Сабота и државни празници се неработни денови.

За испорака во другите градови низ Македонија контактирајте не на info@cityflowers.mk


Повеќе
Бонсаи - Дрво приспособено да живее во мал сад, уметност која води потекло од Кина. Одличен подарок за лица со уметнички дух и карактер. Со изборот на Бонсаито бидете сигурни дека ке го постигнете посакуваниот ефект и нема да погрешите. Очекувајте позитивни реакции и насмевки од оној кој ќе го добие овој подарок.

Можете да одберете различна големина на Бонсаи. 
Картичка за лична порака е вклучена.
 
Висина на растението: 30-40 см



Имајте предвид дека постои можност одредени цвеќиња, бои или саксии да не се достапни во моментот на вашата нарачка. Во ваков случај, извршуваме замена на истите со најслични на нарачаните (со еднаква или поголема вредност) и со чија употреба ќе го задржиме истиот дизајн на цвеќето/аранжманот кој сте го одбрале. 

Светлина: Ова растение сака многу светлина и би било најсреќно кога е поставено покрај прозорец каде што има најмногу светлина, но не директна сончева.

Наводнување: Одржувајте ја земјата рамномерно влажна, но никогаш не доволувајте да биде премногу мокра. Ова растение не сака да биде целосно суво. Постојано мокра земја може да доведе до скапување на кореновиот систем. За наводнувањето користете вода која ја има собната температура . Во зимскиот период намалете со наводнувањето.

Температура: Оптимална температура за ова растение е од 18 до 24°C, но преку зима може да издржи и поладни температури од околу 16°C. Може повремено и да се оросува со млака одстојана вода, посебно во текот на зимата во услови на централно греење. Осетливо е на провев и од таа причина не треба да се поставува на места каде има поголема циркулација на воздухот.

Земја: Користете земја со добра дренажа. Доколку земјата ја задржува водата можете да ја измешате со ситен песок со цел да обезбедите подобра дренажа. 

Прихрана: Додавајте течно ѓубриво за зелени растенија на секои 2 недели во периодот од Март до Септември.

Пресадување: Ова растение може да се пресадува на секои две до три години или еднаш годишно доколку кореновиот систем започне да излегува од постоечката саксија. Пресадувањето се прави на пролет, во поглема саксија која има отвори за дренажа. Откако ќе го пресадите растението поставете го во сенка и добро наводнете го.

Кастрење: При кастрењето важи правилото на секои 6 ливчиња да се отстранат 3 ливчиња. Ова правило важи за поголемита растенијa и се разбира зависи и од обликот на растението кој би сакале да го постигнете.

Напомена: На секое здраво растение растат многу нови ливчиња. Некои од нив природно паѓаат поради промена на времето, недоволно светлина или пак неправилен распоред на наводнување. Поголемиот број на растенија се прилагодуваат на новата средина во рок од една до две недели.

Достава

 

Изненадувања

 

+389 70 272 728

Наш предлог

Совети за одгледување и промоции?