Cityflowers.mk врши испорака само на територија на Град Скопје и истата е секогаш бесплатна.
Испораката се извршува :
- од денес за утре
- секој работен ден од понеделник до сабота.
Исто така можете да закажете испорака на одреден датум, два месеци однапред.
Недела и државни празници се неработни денови.
Температура: Ова растение сака постојана висина на температурата, а преку зима не треба да падне под 10 °C.
Светлина: Потребно е да се обезбеди индиректно светло во текот на целата година. Не го поставувајте на директна сончева светлина.
Наводнување: Растението треба да се наводнува кога земјата ќе биде скоро сува. Се наводнува одозгора, а вишокот на вода се одстранува од влошката на саксијата. Не го наводнувајте премногу бидејки постојано мокра земја може да доведе до скапување на корените на растението.
Прихрана: Во активниот период на раст, од Мај до Септември потребно е да се прихранува еднаш месечно со течно ѓубриво за зелени растенија.