Cityflowers.mk врши испорака само на територија на Град Скопје и истата е секогаш бесплатна.
Испораката се извршува :
- од денес за утре
,секој работен ден од Понеделник до Сабота.
Исто така можете да закажете испорака на одреден датум, два месеци однапред.
Недела и државни празници се неработни денови.
Висина на растението: 20 см
Имајте во предвид дека постои можност одредени цвеќиња, бои или саксии да не се достапни во моментот на вашата нарачка. Во ваков случај, извршуваме замена на истите со најслични на нарачаните (со еднаква или поголема вредност) и со чија употреба ќе го задржиме истиот дизајн на цвеќето/аранжманот кој сте го одбрале.
Температура: Оптимална температура за раст и развој е 18-35 °C. Температурата не смее да падне под 18°C.
Светлина: На ова растение најмногу му одговара средна осветленост. Пожелно е да се постави на севарната сенлива страна во просторијата или на длабоко повлечено место на јужната страна од просторијата.
Наводнување: Дозволете површината на земјата да се исуши помеѓу две залевања. Во лето залевајте на секои 4-5 дена, а во зима на секои 7-8 дена.
Земја: Добро успева во комбинација од компост и тресет во сооднос 4:1
Прихрана: За време на вегетацијата (од Април до Септември) прихранувајте го на секои 14 дена со течно или кристално ѓубриво за зелени растенија.