Cityflowers.mk врши испорака само на територија на Град Скопје и истата е секогаш бесплатна.
Испораката се извршува :
- од денес за утре
,секој работен ден од Понеделник до Сабота, во период од 10.00 до 16.00 часот.
Исто така можете да закажете испорака на одреден датум, два месеци однапред.
Недела и државни празници се неработни денови.
За испорака во другите градови низ Македонија контактирајте не на info@cityflowers.mk
Колоритна и достоинствена, Божиќната Ѕвезда е предвесник на доаѓањето на Божиќните и Новогодишните празници. Со својата свечена црвено зелена боја одлично се вклопува во празничната декорација на секој дом. Вистински подарок кој ќе ви помогне да ја споделите радоста и среќата со вашите најблиски и да испратите искрени честитки со најубави желби за годината што следи.
Можете да одберете Божиќна Ѕвезда во керамичка бела саксија (прикажана на фотографијата) или пак спакувано во украсна хартија. Изборот е Ваш.
Во понудата е вклучена и картичка за лична порака.
Додека цвета Божиќната ѕвезда треба да ја чувате во малку постудена просторија на температура од 15 до 20 степени целзиусови, затоа што во потопла просторија брзо ќе прецвета. Не ја поставувајте во близина на радијаторите, клима уредите и други извори на топлина и секако избегнувајте места каде често се отвара врата или прозор.
Секојдневно проверувајте ја влажноста на почвата и полевајте со вода само тогаш кога земјата е потполно сува. Наводнувјте со доволно количество вода со цел да се навлажни целата почва, а вишокот на вода што ќе остане во подлошката одстрнете го. Ако не ја наводнувате доволно долните листови ќе започнат да паѓаат. Од друга страна, пак, ако ја наводнувате премногу долните листови најпрво ќе започнат за пожолтуваат, па потоа ќе паднат.
Додавајте прихрана за Божиќната ѕвезда еднаш во месецот.
Кога листовите на Божиќната ѕвезда ќе започнат да паѓаат одприлика при крајот на зимата и почетокот на пролетта, преместете ја на постудено место. Потоа следува период на кастрење на гранките и пресадување на растението во поголема сакисја (доколку е потребно) со нова хранлива земја со 15 % чист песок.
Скратете ги нејзините гранчиња на должина од околу 10 сантиметри и притоа внимавајте да ги запечатите местата каде се пресечени гранчињата со восок од свеќа или запрашете го со малку дрвен јаглен, со цел да не истече млекото од цвеќето.
Доколку млекото истече постои голема веројатност цвеќето да не процвета. Оваа постапка се извршува со цел да пораснат нови гранчиња и да се развијат нови пупки.
На есен, во периодот од Октомври до средината на Ноември внесете ја Божиќната ѕвезда внатре во вашиот дом и поставете ја во потемна просторија. Во овој период и се потребни само 10 часа светлина што значи во периодот од 17.00 до 08.00 часот треба да ја поставите во потполно темна просторија бидејки ако дојде во допир со светлина формирањето на црвените листови ќе биде нарушено. Само во такви услови ќе се развијат нови црвени листови во кои ќе имате можност да уживате и следниот Божиќ.