Саксиските растенија, цветни или зелени, се одличен подарок за секого. Нарачајте саксиско растение и направете го некому денот поубав и повесел.
За оној кој ужива во друштвото на секаков вид цвеќе, одберете саксиско растение за подарок и долга секојдневна дружба.
Епипремнум ( Epipremnum aureum ) е долгогодишно собно растение кое не бара посебна нега и знаење за оддржување, ниту пак одредени специфични услови за растење. Во состојба е да ги отстрани загадувачите во затворените простории и тоа го прави идеален за вашиот дом или канцеларија и посакуван подарок.
Ахмеа ( Aechmea Fasciata ) потекнува од Бразил и припаѓа на семејството Bromeliaceae. Оваа декоративна и особно необична убавица, ќе ви ја долови егзотичноста на тропските краишта, а вашиот дом или канцеларија ќе ги направи атрактивни и модерни. Направете ја вашата нарачка и поклонете убавина на вашите блиски.
Колоритна и достоинствена, Божиќната Ѕвезда е предвесник на доаѓањето на Божиќните и Новогодишните празници. Со својата свечена црвено зелена боја одлично се вклопува во празничната декорација на секој дом. Вистински подарок кој ќе ви помогне да ја споделите радоста и среќата со вашите најблиски и да испратите искрени честитки со најубави желби за годината што следи.
Можете да одберете Божиќна Ѕвезда во керамичка бела саксија (прикажана на фотографијата) или пак спакувано во украсна хартија. Изборот е Ваш.
Во понудата е вклучена и картичка за лична порака.