Белиот крин потсетува на чистотата на младоста и благородноста на срцето, розите ја симболизираат убавината, честа и посветеноста, алстромеријата и хризантемата претставуваат доверба, невиност и благодарност.
Изразете ја вашата почит и пријателство со прозрачен и елегантен цветен дизајн кој ќе предизвика нежна и благодарна насмевка.
Доаѓа во една големина заедно со картичка за лична порака.
Сакате драма ефект? Со овој букет од црвени страсни рози и контраст од белиот и миризлив крин бидете сигурни дека ќе го постигнете тоа! Незаборавен момент кој ќе ви ги отвори сите врати до срцето.
Останува само да ја одберете големината, M големина прикажана на фотографијата, или L големина.