Понекогаш, се што ни е потребно, е еден убав букет со свежо свеќе од весели бои кои ќе ни го згрее срцето и ќе ни предизвика радост во душата.
Сакате да го разубавите денот на вашата личност? Бидете сигурни дека нема да погрешите со овој избор.
Претставува одличен начин да искажете благодарност или пак да испратите честитки за секоја пригода.
На фотографијата е прикажана М големина, а истиот букет можете да го одберете и во L и XL големина.
Страсните црвени рози се верно проследени со фантазијата на белите орхидеи и црвениот хиперикум. Дозволете овој извонреден цветен дизајн од црвени рози и егзотични орхидеи да ја пренесе вашата љубов и почит на саканата личност.
Доаѓа во една големина заедно со картичка за лична порака.
Белиот крин потсетува на чистотата на младоста и благородноста на срцето, розите ја симболизираат убавината, честа и посветеноста, алстромеријата и хризантемата претставуваат доверба, невиност и благодарност.
Изразете ја вашата почит и пријателство со прозрачен и елегантен цветен дизајн кој ќе предизвика нежна и благодарна насмевка.
Доаѓа во една големина заедно со картичка за лична порака.
Одличен избор за одбележување на годишнина, роденден или едноставно без причина некому да го развеселите денот.
Доаѓа во четири големини: XXL големина (прикажана на фотографијата), XL, L и М големина. Изборот е Ваш. Картичка за лична порака е вклучена.
Зелена градина со три различни видови на сукуленти посадени во модерна огледална саксија. Градина која бара малку грижа и претставува одличен роденденски, свадбен или пак подарок за вселување во нов дом. Секако можете да си го разубавите и вашиот дом или канцеларија.
Видот на сукуленти зависи од моменталните залихи со кои располагаме и можат да бидат различни од фотографијата.
Разновидноста на боите предизвикува чувства на живост и возбуда. Без разлика дали вашата личност е бурна или пак исполнета со ентузијазам и среќа, сигурно е дека секој кој ќе го добие овој цветен дизајн ќе биде пресреќен!
Доаѓа во една големина заедно со картичка за лична порака.
Сакате современ и модерен изглед? Бујните рози, миризливиот крин и прекрасната алстромериа искомбинирани заедно со љубов во овој прекрасен букет ќе ви помогнат да добиете современ и модерен подарок .
Останува уште да одберете колку голем и богат да биде вашиот подарок, М големина како на фотографијата или L големина.
Прегрнете го срцето на вашиот пријател или партнер и поканете го на искрена и весела игра понесена од ритамот на среќата и прекрасниот мирис на хризантемата и розите. Кога и да одберете да подарите букет со хризантема бидете сигурни дека го правите вистинскиот избор. Во комбинација со прекрасните рози и нежно зеленило, овој букет ќе ви помогне да ги пренесете сите ваши чувства на радост и среќа.
На фотографијата е прикажана M големина, а имате можност да одберете и S, L и XL големина.