Пренесете ја искрената радост за секој ден и желбите за среќа и љубов кои ги посакувате за вашите најблиски, со овој букет од топли, но интензивни бои. Прекрасната хризантема и елегантната роза, придружени од црвениот хиперикум го прават овој цветен дизајн вистинско уживање за секого.
На фотографијата е прикажана L големина, а имате можност да одберете и S, M или XL големина.
Маранта (Maranta leuconeura) - едно од најубавите собни растенија помеѓу сите видови кои постојат. Има крупни зелени листови со најпрекрасни шари и бои. Најинтересно е што не можете, а да не ја забележите J Преку ден има еден изглед, а штом падне ноќта ја менува положбата на своите листови, а со тоа и својот изглед. Вистински пријател за Вас или за Вашите најблиски кои знаете дека ќе се радуваат на ова весело растение покрај себе.
Моментално ја имаме во една големина, а можете да одберете помеѓу Маранта во керамичка саксија или спакувана во украсна хартија. Картичка за лична порака е вклучена.
Одличен роденденски подарок за личности кои се весели, искрени и секогаш расположени за дружење. Овој богат букет од Алстромерии има моќ да внесе свежина и позитивна енергија во секоја просторија. Со или без повод :)
Одберете 50 цветови L големина или 80 цветови XL големина, прибложно 4-5 цветови на едно стебло. За да овозможиме убавината да трае подолго, цветовите доаѓаат во форма на пупки кои се подготвени да цветаат набрзо откако ке ги добиете.
Колоритна и достоинствена, Божиќната Ѕвезда е предвесник на доаѓањето на Божиќните и Новогодишните празници. Со својата свечена црвено зелена боја одлично се вклопува во празничната декорација на секој дом. Вистински подарок кој ќе ви помогне да ја споделите радоста и среќата со вашите најблиски и да испратите искрени честитки со најубави желби за годината што следи.
Можете да одберете Божиќна Ѕвезда во керамичка бела саксија (прикажана на фотографијата) или пак спакувано во украсна хартија. Изборот е Ваш.
Во понудата е вклучена и картичка за лична порака.