Црвените рози се цветови на убавина, страст, желба и достоинство. Силен симбол на љубовни чувства, но и почит, чест и успех. Овој сноп од рози претставува совршен начин да ја искажете својата љубов, особено ако вашиот гест е придружен со неколку зборови од Вашето срце.
На фотографијата е прикажана M големината (9 рози), а можете да одберете и помеѓу L (11 рози) , XL големина (15 рози), XXL големина (19 рози). Картичка за лична порака е вклучена.
Овој букет, кој едноставно зрачи со грациозност е еден од нашите најпопуларни цветни дизајни. Претставува одличен избор за сите пригоди и сите наши купувачи подеднакво го обожуваат. Елеганцијата на белата орхидеја пропратена со убавината на црвените рози и личниот леукадендрон, прават класичен цветен дизајн со цврста порака.
На фотографијата е прикажана XL големина, а можете да одберете и XXL големина.
Нeма ништо поубаво од прекрасна роза, совршена во секој дел од своето постоење.
Направете храбар чекор и подарете ја оваа висококвалитетна роза со циклама боја, внимателно зачувана на врвот од својот цут, со цел Вашите сакани да можат да уживаат во нејзината убавина цела година.
Можете да изберете помеѓу две големини M и L. Картичка за лична порака е вклучена.
Овој букет, како што кажува и неговото име, Експресија на Љубов, преку црвените рози и леукадендронот ќе ви помогне на вистински начин да ја пренесете целата љубов и страст која ја имате во вашето срце. Богатите црвени рози во придружба на личниот леукадендрон и прекрасното зеленило креираат перфектен цветен дизајн. Внимателно спакуван во специјално дизајнирана кутија и картичка со лична порака, претставува одличен начин да ги изразите вашите најдлабоки и најромантични чувства.
На фотографијата е прикажана L големината, а можете да одберете и помеѓу XL или XXL големина.