Овој 8-ми Март во соработка со креативното студио "Тиноски" имаме одличен заеднички предлог подарок – Сетот КРАЛИЦА. Уникатен цветен аранжман во шолја за пиење со дизајн од Тиноски. Во комбинација со црвените ружи, класични и стилски, овој подарок може да претставува совршен израз на вашата љубов и почит. Подарете љубов на уникатен начин.
Картичка за лична порака е вклучена. Шолјата е наменета за употреба по отстранување на цветниот аранжман.
Заводливи рози … се насмевнуваат нежно за да го разубават денот на драгата личност. Совршени за млади љубовници.
Нежните рози во деликатни и убави нијанси, се чини дека се господари на чувства на искрена љубов, благодарност и почит. Како симбол на неспоредлива убавина, чест и доверба, посветеност кон најблиските, розите се секогаш вистински избор за пријатно изненадување и споделување на вашите емоции. Пригоден подарок за одбележување на важни настани и испраќање на вашите најдобри честитки.
На фотографијата е прикажана M големина со 11 рози. Картичка за лична порака е вклучена.
Одличен избор за одбележување на годишнина, роденден или едноставно без причина некому да го развеселите денот.
Доаѓа во четири големини: XXL големина (прикажана на фотографијата), XL, L и М големина. Изборот е Ваш. Картичка за лична порака е вклучена.
Една ружа може да изгледа како цела градина ... а еден пријател може да значи цел свет. Овој цитат од Leo F. Buscaglia во неколку зборови ја опишува ружaта како кралица на цвеќињата која носи радост за нашите срца секогаш кога ќе ја видиме. Покрај белата Алстромерија, тие се незаборавен тим кој секоја жена би сакала да го запознае.
Останува уште да одберете големина на букетот - M (прикажана на фотографијата), L или XL.
Исклучителен подарок! Замислете ја реакцијата на примачот која ќе ја отвори кутијата и ќе види изобилство од прекрасни рози во повеќе бои. Незаборавно искуство преплавено од чувство на среќа, благодарност, љубов.
Останува уште да одберете колку голем и богат да биде вашиот подарок.