Радоста е поголема кога ќе пристигне ненајавена. Со живописни, трогателни бои, различни шармантни цвеќиња сликаат разнобојни тропски пејзажи, способни да ве однесат, барем за еден момент, во свет полн со оптимизам и релаксација. Со своите топли бои, овој букет ги пренесува најдобрите желби на љубов, пријателство, благодарност и почит.
Почувствувајте ја топлината и среќата на овој прекрасен цветен букет кој ќе им донесе светла насмевка на вашите најблиски, искажувајки ја вашата грижа и посветеност кон нив.
Доаѓа во повеќе големини - Букет од 5 гербери (прикажан на фотографијата), а истиот можете да го одберете и во комбинација од 7 и 9 гербери.
Црвените рози се цветови на убавина, страст, желба и достоинство. Силен симбол на љубовни чувства, но и почит, чест и успех. Овој сноп од рози претставува совршен начин да ја искажете својата љубов, особено ако вашиот гест е придружен со неколку зборови од Вашето срце.
На фотографијата е прикажана M големината (9 рози), а можете да одберете и помеѓу L (11 рози) , XL големина (15 рози), XXL големина (19 рози). Картичка за лична порака е вклучена.
Букет од жолти рози - симбол на пријателство, радост, среќа и слобода. За разлика од минатото кога жолтите рози беа симбол на љубомора, денес имаат сосема различно значење. Можете да подарите жолти рози за роденден, годишнина или пак да одбележите некој значаен ден. Со нивната весела боја и сладок мирис, жолтите рози се идеални да го исполнат секој дом со радост, убавина и нежност.
На фотографијата е прикажана L големината (11 рози), а можете да одберете и помеѓу Priv (25 рози), XXL (17 рози), XL (15 рози) и М големина (9 рози). Картичка за лична порака е вклучена.
Секогаш потсетувајте се на добрите луѓе во вашиот живот, на оние посебните кои ве тераат да се насмевнете, кои ви нудат причина да бидете среќни, кои безусловно се секогаш тука за вас. Без разлика дали им е роденден или именден, или пак прославуваат важен момент во нивниот живот или само сакате да им се заблагодарите и да им го направите денот повесел, овој цветен дизајн секогаш ќе биде идеален избор.
Доаѓа во повеќе големини, на фотографијата е прикажана XL големина, а можете да одберете и помеѓу М, L и XXL големина. Картичка за лична порака е вклучена.
Букет од црвени рози – симбол на бурна љубов, извонредна убавина и искрена посветеност, надополнети со прекрасен црвени хиперикум, за елеганција и стил. Импресивна комбинација која ќе го привлече вниманието на саканата личност.
Овој цветен дизајн доаѓа во неколку големини. На фотографијата е прикажана М големина, а можете да одберете и L, XL, XXL големина. Картичка за лична порака е вклучена.
Искажете ги своите чувства без да зборувате. Комбинацијата од белата боја на кринот и нежно розевата ружа дополнета со разиграната алстромериа е безвременска и претставува одличен избор на подарок за секоја пригода.
На фотографијата е прикажана М големина, а истиот букет можете да го одберете и во L големина.
Сакате современ и модерен изглед? Бујните рози, миризливиот крин и прекрасната алстромериа искомбинирани заедно со љубов во овој прекрасен букет ќе ви помогнат да добиете современ и модерен подарок .
Останува уште да одберете колку голем и богат да биде вашиот подарок, М големина како на фотографијата или L големина.