Алстромериата зборува за пријателството и посветеноста, богатството и благосостојбата, герберот секогаш за радоста, а ружата е перфектниот гласник на срцето. Oвој букет претставува идеален подарок кога вашите чувства се силни и искрени.
На фотографијата е прикажана М големина, а истиот букет можете да го одберете и во L големина. Картичка за порака и храна за букетот се вклучени.
Страст, почит, благодарност, пријателство или пак чиста љубов, сите овие карактеристики го симболизираат овој букет, кој има интересен дизајн креиран од нашите креативни дизајнери. Од овие причини, со задоволство ви го препорачуваме за сите типови на пригоди или настани, имајки ја сигурноста дека сте го направиле вистинскиот избор.
На фотографијата е прикажана М големината, а можете да одберете и L или XL големина.
Класичен и стилски букет кој претставува перфектен подарок за сите пригоди. Убавината на ружата, мирисот на кринот и нежноста на алстромериата се одлично искомбинирани да создадат незаборавно искуство.
На фотографијата е прикажана M големина, а имате можност да одберете и L големина.
Популарен и елегантен, овој букет претставува вистински избор за секоја пригода. Прекрасниот мирис на кринот, елеганцијата на белата орхидеја пропратена со убавината на леукадендронот имаат моќ да ги задоволат и најпрефинетите вкусови.
Овој цветен дизајн доаѓа само во XL големина.
Нежен допир, ракување, прегратка, бакнеж, гестови кои предизвикуваат убаво расположение и ги зближуваат луѓето. Најубавите цвеќиња од природата споени во еден прекрасен цветен дизај имаат за цел да го разубават денот на секоја личност. Впечатливиот розев гербер и нежната алстромериа совршено ќе ги пренесат вашите чувства на благодарност, почит и искрено пријателство.
На фотографијата е прикажана М големина, а истиот букет можете да го одберете и во L големина.
Страсен и полн со енергија, овој букет зрачи со храброст преку својата интензивна сценографија и доминантна црвена боја. Совршен подарок за силна и цврста личност, истовремено и шармантна, чие присуство неможе да помине незабележано. Исто како и овој букет.
На фотографијата е прикажана М големината, а можете да одберете и L или XL големина.
Исклучителен подарок! Замислете ја реакцијата на примачот која ќе ја отвори кутијата и ќе види изобилство од прекрасни рози во повеќе бои. Незаборавно искуство преплавено од чувство на среќа, благодарност, љубов.
Останува уште да одберете колку голем и богат да биде вашиот подарок.
Страсна црвена и весела жолта, се двете бои кои ја формираат огнената боја, портокалова. Од оваа причина портокаловите рози се сметаат за мост помеѓу пријателството, симболизирано преку жолтите рози, и љубовта, претставена со црвените рози. Позитивната енергија која зрачи од портокаловите рози носи со себе радост и задоволство за сите сетила и претставува одличен подарок за роденден, годишнина или подарок без конкретен повод.
На фотографијата е прикажана М големина, а истиот букет можете да го одберете и во L и XL големина.