Секогаш потсетувајте се на добрите луѓе во вашиот живот, на оние посебните, кои ве тераат да се насмевнете, кои ви нудат причина да бидете среќни, кои безусловно се секогаш тука за вас.
Без разлика дали им е роденден или именден, или пак прославуваат важен момент во нивниот живот или само сакате да им се заблагодарите и да им го направите денот повесел, бидете сигурни дека свежото цвеќе е секогаш правилен избор :)
Можете да одберете помеѓу две комбинации на бои: 1) лила со бела, или 2) крем со бела.
Овој дизајн доаѓа во една големина.
Картичка за лична порака е вклучена.
Денес е вистинскиот ден да го разубавите денот на некоја ваша драга личност и ова е совршен цветен дизајн за насмевки и радост што трае вечно.
Хризантемите носат многу значења: трајното пријателство и искрената симпатија, поддршка на семејството и пријателите, охрабрување за оние кои имаат потреба од оптимизам, обновување и здравје, долг живот и среќа, посветеност. Со Хризантемите можете да искажете благодарност и љубов кон блиско лице, или да изразите поддршка кон вашиот пријател кој се соочува со важен предизвик.
Овој дизајн доаѓа во една големина.
Картичка за лична порака е вклучена.
Минималистички избор на ориентален крин, црвени рози и хризантеми. Испратете ја вашата љубов со елеганција и стил преку овој цветен дизајн.
Доаѓа во една М големина (прикажана на фотографијата) и две варијанти, со црвени или бели ружи. Изборот е Ваш. Вклучена е и картичка за лична порака.
Овој Св.Валентин или Денот на Вљубените во соработка со креативното студио "Тиноски" имаме одличен заеднички предлог подарок – Сетот ДОБРО УТРО ЉУБОВ. Уникатен цветен аранжман во шолја за пиење со дизајн од Тиноски. Во комбинација со црвените ружи, класични и стилски, овој подарок може да претставува совршен израз на вашата љубов и страс. Подарете љубов на уникатен начин.
Картичка за лична порака е вклучена. Шолјата е наменета за употреба по отстранување на цветниот аранжман.
Овој цветен дизајн е еден од оние на кои не можете да кажете не, всушност го посакувате веднаш штом ќе го видите – љубов на прв поглед :) Впрочем тоа е и целта на цвеќето – моќта да го магепса човекот е оромна и единствена.
Доаѓа во една големина заедно со картичка за лична порака.
Прекрасен цветен дизајн од ориентален крин, црвени рози, гербери и хризантеми кој ќе ви помогне да ги откриете вашите чувства. Кога личноста од вашите соништа е едноставна, а сепак шармантна и шик...
Доаѓа во една големина заедно со картичка за лична порака.
Овој 8-ми Март во соработка со креативното студио "Тиноски" имаме одличен заеднички предлог подарок – Сетот КРАЛИЦА. Уникатен цветен аранжман во шолја за пиење со дизајн од Тиноски. Во комбинација со црвените ружи, класични и стилски, овој подарок може да претставува совршен израз на вашата љубов и почит. Подарете љубов на уникатен начин.
Картичка за лична порака е вклучена. Шолјата е наменета за употреба по отстранување на цветниот аранжман.