Драги пријатели, Ве известуваме дека од 12.-19.10.2026 сервисот на City Flowers нема да врши испораки. Ви благодариме на Вашето разбиорање <3

City Flowers Skopje

Кутии со цвеќе

Секогаш потсетувајте се на добрите луѓе во вашиот живот, на оние посебните,  кои ве тераат да се насмевнете, кои ви нудат причина да бидете среќни, кои безусловно се секогаш тука за вас.
Без разлика дали им е роденден или именден, или пак прославуваат важен момент во нивниот живот или само сакате да им се заблагодарите и да им го направите денот повесел, бидете сигурни дека свежото цвеќе е секогаш правилен избор  :)

слика од Бели рози во корпа ново
Бели рози во корпа

Ружата е симбол на убавина и посветеност која има моќ да ги привлекува и инспирира луѓето, зајакнувајќи ги нивните врски.
Белите ружи се симбол на почит, чест, надеж и искреност. Подарувајки букет со бели ружи можете да искажете восхит и посветеност кога примачот е ваша блиска личност, како и вистинско почитување, кога примачот е само познаник.

7500 0 ден.
слика од Кутија со мече, цвеќе и чоколади ново
Кутија со мече, цвеќе и чоколади
  • Содржина на прикажаниот производ : Кутија, плишано мече (20-25 см), аранжман со 9 ружи во керамичка здела
  • Достапен во една големина и повеќе бои на ружи
  • Вклучена е бесплатна картичка за порака и упатство за грижа
  • Можност за избор на дополнителни производи (вино, чоколади...)
  • Типот на играчката зависи од моменталните залихи
  • Бесплатна испорака во Скопје
4500 0 ден.
слика од Кутија со цвеќе Убавина ново
Кутија со цвеќе Убавина

Белиот крин потсетува на чистотата на младоста и благородноста на срцето, розите ја симболизираат убавината, честа и посветеноста, алстромеријата и хризантемата претставуваат доверба, невиност и благодарност.
Изразете ја вашата почит и пријателство со прозрачен и елегантен цветен дизајн кој ќе предизвика нежна и благодарна насмевка.

Доаѓа во една големина заедно со картичка за лична порака.

2590 0 ден.
слика од Кутија со цвеќе Срце од Рози ново
Кутија со цвеќе Срце од Рози
Розата е кралица на цвеќињата кога зборуваме за страсна и вечна љубов и искрена посветеност. Црвените рози се класичен избор, полн со шарм, елеганција и различност, јасно комуницирајќи ги чувствата на давателот. 
Одличен подарок за Вашата сакана личност за одреден ден или пак изненадување без одреден повод.
6500 0 ден.
Кутија со вино, цвеќе и чоколади 3

Исклучителен подарок! Замислете ја реакцијата на примачот која ќе ја добие оваа кутија со прекрасни рози и чоколади. Незаборавно искуство преплавено од чувство на среќа, благодарност, љубов.

Останува уште да одберете со каков тип на вино да биде вашиот подарок.

3250 0 ден.
Разигран Фустан

Заводливи рози … се насмевнуваат нежно за да го разубават денот на драгата личност. Совршени за млади љубовници.

Нежните рози во деликатни и убави нијанси, се чини дека се господари на чувства на искрена љубов, благодарност и почит. Како симбол на неспоредлива убавина, чест и доверба, посветеност кон најблиските, розите се секогаш вистински избор за пријатно изненадување и споделување на вашите емоции. Пригоден подарок за одбележување на важни настани и испраќање на вашите најдобри честитки.

На фотографијата е прикажана M големина со 11 рози.  Картичка за лична порака е вклучена.

3000 0 ден.
слика од Кутија со цвеќе Слатки чувства ново
Кутија со цвеќе Слатки чувства

Уште пред стотици години, цвеќињата биле едни од најубавите подароци преку кои се изразувале слатките чувства на љубов, пријателство, благодарност или восхит. Ако го барате идеалниот подарок, насочете го своето внимание кон овие извонредни цвеќиња, шарено насликани како во бајка и ставени во прегратка. Испратете ги своите чувства и емоции на оптимизам, радост и ведрина со прекрасните хризантеми, кои воедно се и симбол на мудрост и доблест.

Овој цветен дизајн доаѓа во една големина. Картичка за лична порака е вклучена.

3500 0 ден.

Совети за одгледување и промоции?