Драги корисници, Услугата Испорака ден за ден на 08.03.2019 нема да биде достапна. Од таа причина за испорака на 8 Март , Вашите нарачки потребно е да ги направите од денес па најдоцна до 07.03.2019 год до 14.30 часот. Нека е Честит Денот на Женатa <3

City Flowers Skopje

Букети

Ако сакате да подарите проверен и вистински подарок, никогаш не можете да погрешите со испорака на прекрасен букет свежо цвеќе. Цвеќето е одличен подарок за секоја пригода, па дури и кога нема никаква причина за подарок. Одберете букет, направете нарачка и очекувајте ја насмевката, радоста и среќата кај личноста која ќе го добие подарокот лично на рака.

слика од Букет цвеќе Шарено Пријателство залиха
Букет цвеќе Шарено Пријателство

Сакате да предизвикате насмевка и радост кај вашите најдраги? Токму овој букет со весели и топли бои ќе ви помогне во остварување на вашата цел. Жолтите рози, потсетуваат на пријателството и оптимизам, во комбинација со црвени и жолти гербери кои презентираат среќа, благодарност и убавина, се главните компоненти наменети за комуникативна и харизматична личност која ужива во друштво на ведри бои.

На фотографијата е прикажана М големината, а можете да одберете и помеѓу L или XL големина.

1450 0 ден.
слика од Букет цвеќе Разнобојна Елеганција залиха
Букет цвеќе Разнобојна Елеганција

Овој букет, кој едноставно зрачи со грациозност е еден од нашите најпопуларни цветни дизајни. Претставува одличен избор за сите пригоди и сите наши купувачи подеднакво го обожуваат. Елеганцијата на белата орхидеја пропратена со убавината на црвените рози и личниот леукадендрон, прават класичен цветен дизајн со цврста порака.

На фотографијата е прикажана XL големина, а можете да одберете и XXL големина.

2550 0 ден.
Букет цвеќе Цветни Вибрации

Алстромериата зборува за пријателството и посветеноста, богатството и благосостојбата, герберот секогаш за радоста, а ружата е перфектниот гласник на срцето. Oвој букет претставува идеален подарок кога вашите чувства се силни и искрени.

На фотографијата е прикажана М големина, а истиот букет можете да го одберете и во L големина. Картичка за порака и храна за букетот се вклучени.

1570 0 ден.
слика од Букет цвеќе Миризлива приказна залиха
Букет цвеќе Миризлива приказна

Страст, почит, благодарност, пријателство или пак чиста љубов, сите овие карактеристики го симболизираат овој букет, кој има интересен дизајн креиран од нашите креативни дизајнери. Од овие причини, со задоволство ви го препорачуваме за сите типови на пригоди или настани, имајки ја сигурноста дека сте го направиле вистинскиот избор.

На фотографијата е прикажана М големината, а можете да одберете и L или XL големина.

1680 0 ден.
слика од Букет цвеќе Нежност залиха
Букет цвеќе Нежност

Класичен и стилски букет кој претставува перфектен подарок за сите пригоди. Убавината на ружата, мирисот на кринот и нежноста на алстромериата се одлично искомбинирани да создадат незаборавно искуство.

На фотографијата е прикажана M големина, а имате можност да одберете и L големина.

1670 0 ден.
слика од Букет цвеќе Апсолутна Елеганција залиха
Букет цвеќе Апсолутна Елеганција

Популарен и елегантен, овој букет претставува вистински избор за секоја пригода. Прекрасниот мирис на кринот, елеганцијата на белата орхидеја пропратена со убавината на леукадендронот имаат моќ да ги задоволат и најпрефинетите вкусови.

Овој цветен дизајн доаѓа само во XL големина.

2490 0 ден.
слика од Букет цвеќе Ема залиха
Букет цвеќе Ема

Нежен допир, ракување, прегратка, бакнеж, гестови кои предизвикуваат  убаво расположение и ги зближуваат луѓето.  Најубавите цвеќиња од природата споени во еден прекрасен цветен дизај имаат за цел да го разубават денот на секоја личност. Впечатливиот розев гербер и нежната алстромериа совршено ќе ги пренесат вашите чувства на благодарност, почит и искрено пријателство.

На фотографијата е прикажана М големина, а истиот букет можете да го одберете и во L големина.

1310 0 ден.
слика од Букет цвеќе Мајка залиха
Букет цвеќе Мајка

Страсен и полн со енергија, овој букет зрачи со храброст преку својата интензивна сценографија и доминантна црвена боја. Совршен подарок за силна и цврста личност, истовремено и шармантна, чие присуство неможе да помине незабележано. Исто како и овој букет.

На фотографијата е прикажана М големината, а можете да одберете и L или XL големина.

1520 0 ден.
Букет цвеќе Виножито од рози

Исклучителен подарок! Замислете ја реакцијата на примачот која ќе ја отвори кутијата и ќе види изобилство од прекрасни рози во повеќе бои. Незаборавно искуство преплавено од чувство на среќа, благодарност, љубов.

Останува уште да одберете колку голем и богат да биде вашиот подарок,  L големина како на фотографијата или XL големина.

2430 0 ден.

Порачај букет до 14:30 за испорака истиот ден!

Совети за одгледување и промоции?