City Flowers Skopje

Букети

Ако сакате да подарите проверен и вистински подарок, никогаш не можете да погрешите со испорака на прекрасен букет свежо цвеќе. Цвеќето е одличен подарок за секоја пригода, па дури и кога нема никаква причина за подарок. Одберете букет, направете нарачка и очекувајте ја насмевката, радоста и среќата кај личноста која ќе го добие подарокот лично на рака.

Букет цвеќе Виножито од рози

Исклучителен подарок! Замислете ја реакцијата на примачот која ќе ја отвори кутијата и ќе види изобилство од прекрасни рози во повеќе бои. Незаборавно искуство преплавено од чувство на среќа, благодарност, љубов.

Останува уште да одберете колку голем и богат да биде вашиот подарок.

2700 0 ден.
Букет цвеќе Раскошна роса
Ружата е симбол на убавина и посветеност која има моќ да ги привлекува и инспирира луѓето, зајакнувајќи ги нивните врски. Белите ружи се симбол на почит, чест, надеж и искреност. Подарувајки букет со бели ружи можете да искажете восхит и посветеност кога примачот е ваша блиска личност, како и вистинско почитување, кога примачот е само познаник.

Овој цветен букет доаѓа во повеќе големини. На фотографијата е прикажан букет од 5 ружи, а истиот можете да го одберете и во комбинација од 7, 9, 11 и 15 ружи.
2050 0 ден.
Заводлива Покана

Црвените рози се цветови на убавина, страст, желба и достоинство. Силен симбол на љубовни чувства, но и почит, чест и успех.  Овој сноп од рози претставува совршен начин да ја искажете својата љубов, особено ако вашиот гест е придружен со неколку зборови од Вашето срце.

На фотографијата е прикажана големината од 9 рози, а можете да одберете и големина помеѓу  11 рози и 15 рози.Картичка за лична порака е вклучена.

2700 0 ден.
Букет цвеќе Среќа

Секогаш потсетувајте се на добрите луѓе во вашиот живот, на оние посебните кои ве тераат да се насмевнете, кои ви нудат причина да бидете среќни, кои безусловно се секогаш тука за вас. Без разлика дали им е роденден или именден, или пак прославуваат важен момент во нивниот живот или само сакате да им се заблагодарите и да им го направите денот повесел, овој цветен дизајн секогаш ќе биде идеален избор.

Доаѓа во повеќе големини, на фотографијата е прикажана XL големина, а можете да одберете и помеѓу М, L и XXL големина. Картичка за лична порака е вклучена.

2580 0 ден.
Сноп Црвени рози со вазна
Црвените рози се цветови на убавина, страст, желба и достоинство. Силен симбол на љубовни чувства, но и почит, чест и успех.  Овој сноп од рози претставува совршен начин да ја искажете својата љубов, особено ако вашиот гест е придружен со неколку зборови од Вашето срце.
3100 0 ден.
слика од Роза во кутија со чоколади ново
Роза во кутија со чоколади
Ружата е симбол на убавина и посветеност која има моќ да ги привлекува и инспирира луѓето, зајакнувајќи ги нивните врски. 
Црвените ружи, класични и стилски, се совршен израз на романтиката и љубовта.
Од друга страна пак, розевите ружи се симбол на благодет, нежност, почит, среќа и радост. Подарувајки букет со розеви ружи можете да покажете задоволство, благодарност и радост кон примачот бидејки го имате покрај Вас како блиска личност. 
Воедно, розевите ружи претставуваат слатки мисли и нежни емоции - невина љубов која може да прерасне во подлабока љубов. 
950 0 ден.
слика од Букет цвеќе Цветни Вибрации залиха
Букет цвеќе Цветни Вибрации

Алстромеријата зборува за пријателството и посветеноста, богатството и благосостојбата, герберот секогаш за радоста, а ружата е перфектниот гласник на срцето. Oвој букет претставува идеален подарок кога вашите чувства се силни и искрени.

На фотографијата е прикажана М големина, а истиот букет можете да го одберете и во L големина. Картичка за порака и храна за букетот се вклучени.

2580 0 ден.
слика од Букет цвеќе Разигран Сјај залиха
Букет цвеќе Разигран Сјај

Радоста е поголема кога ќе пристигне ненајавена. Со живописни, трогателни бои, различни шармантни цвеќиња сликаат разнобојни тропски пејзажи, способни да ве однесат, барем за еден момент, во свет полн со оптимизам и релаксација. Со своите топли бои, овој букет ги пренесува најдобрите желби на љубов, пријателство, благодарност и почит.
Почувствувајте ја топлината и среќата на овој прекрасен цветен букет кој ќе им донесе светла насмевка на вашите најблиски, искажувајки ја вашата грижа и посветеност кон нив.
Доаѓа во повеќе големини - Букет од 5 гербери (прикажан на фотографијата), а истиот можете да го одберете и во комбинација од 7 и 9 гербери.

1850 0 ден.

Совети за одгледување и промоции?