Драги корисници, Услугата Испорака ден за ден на 08.03.2019 нема да биде достапна. Од таа причина за испорака на 8 Март , Вашите нарачки потребно е да ги направите од денес па најдоцна до 07.03.2019 год до 14.30 часот. Нека е Честит Денот на Женатa <3

City Flowers Skopje

Букети

Ако сакате да подарите проверен и вистински подарок, никогаш не можете да погрешите со испорака на прекрасен букет свежо цвеќе. Цвеќето е одличен подарок за секоја пригода, па дури и кога нема никаква причина за подарок. Одберете букет, направете нарачка и очекувајте ја насмевката, радоста и среќата кај личноста која ќе го добие подарокот лично на рака.

слика од Букет цвеќе Бели Мириси ново
Букет цвеќе Бели Мириси

Фантастичен, а воедно и сигурен избор. Овој цветен дизајн е еден од оние кои одговараат за секоја пригода, за машко или женско, за помлади или повозрасни. Преубава комбинација на прекрасниот миризлив ориентален крин, убавината на белите рози и единствената бела хризантема која додава убав деликатен елемент.

Доаѓа во четири големини: M, L големина (прикажана на фотографијата) и XL големина. Изборот е Ваш. Картичка за лична порака е вклучена.

1870 0 ден.
слика од Букет цвеќе Обоени капки радост залиха
Букет цвеќе Обоени капки радост

Една ружа може да изгледа како цела градина ... а еден пријател може да значи цел свет. Овој цитат од Leo F. Buscaglia во неколку зборови ја опишува ружaта како кралица на цвеќињата која носи радост за нашите срца секогаш кога ќе ја видиме. Покрај белата Алстромерија, тие се незаборавен тим кој секоја жена би сакала да го запознае.

Останува уште да одберете големина на букетот - M (прикажана на фотографијата), L или XL.

1050 0 ден.
слика од Безусловна љубов ново
Безусловна љубов

Розевите ружи се знак на нежност и благодет, носејќи најискрени симпатии и благодарност, а додека пак белите означуваат почит, чест и восхит. Заедно, оваа комбинација на ружи е доказ за вашето внимание, љубов и благодарност кои сакате да ги искажете.

Овој цветен букет доаѓа во повеќе големини. На фотографијата е прикажана XXL големината (17 рози), а можете да одберете и помеѓу Priv (25 рози), XL (15 рози), L (11 рози) и М големина (9 рози). Картичка за лична порака е вклучена.

1800 0 ден.
слика од Букет цвеќе Експресија на љубов залиха
Букет цвеќе Експресија на љубов

Овој букет, како што кажува и неговото име, Експресија на Љубов, преку црвените рози и леукадендронот ќе ви помогне на вистински начин да ја пренесете целата љубов и страст која ја имате во вашето срце.  Богатите црвени рози во придружба на личниот леукадендрон и прекрасното зеленило креираат перфектен цветен дизајн. Внимателно спакуван во специјално дизајнирана кутија и картичка со лична порака, претставува одличен начин да ги изразите вашите најдлабоки и најромантични чувства.

На фотографијата е прикажана L големината, а можете да одберете и помеѓу XL или XXL големина.

 

1795 0 ден.
слика од Букет цвеќе Виолета залиха
Букет цвеќе Виолета

Сакате современ и модерен изглед?  Бујните рози, миризливиот крин и прекрасната алстромериа искомбинирани заедно со љубов во овој прекрасен букет ќе ви помогнат да добиете современ и модерен подарок .
Останува уште да одберете колку голем и богат да биде вашиот подарок, L големина како на фотографијата или XL големина.

1710 0 ден.
Букет цвеќе Магдалена

Сакате драма ефект? Со овој букет од црвени страсни рози и контраст од белиот и миризлив крин бидете сигурни дека ќе го постигнете тоа! Незаборавен момент кој ќе ви ги отвори сите врати до срцето.

Останува само да ја одберете големината, M големина прикажана на фотографијата, или L големина.

1570 0 ден.
слика од Букет цвеќе Пастелно задоволство залиха
Букет цвеќе Пастелно задоволство

Искажете ги своите чувства без да зборувате. Комбинацијата од белата боја на кринот и нежно розевата ружа дополнета со разиграната алстромериа е безвременска и претставува одличен избор на подарок за секоја пригода.

На фотографијата е прикажана М големина, а истиот букет можете да го одберете и во L големина.

1710 0 ден.
слика од Букет цвеќе Среќа ново
Букет цвеќе Среќа

Секогаш потсетувајте се на добрите луѓе во вашиот живот, на оние посебните кои ве тераат да се насмевнете, кои ви нудат причина да бидете среќни, кои безусловно се секогаш тука за вас. Без разлика дали им е роденден или именден, или пак прославуваат важен момент во нивниот живот или само сакате да им се заблагодарите и да им го направите денот повесел, овој цветен дизајн секогаш ќе биде идеален избор.

Доаѓа во повеќе големини, на фотографијата е прикажана XL големина, а можете да одберете и помеѓу М, L и XXL големина. Картичка за лична порака е вклучена.

2230 0 ден.
Гербер во вазна
Герберот е цвет кој зрачи со радост и енергија, славејќи го животот, убавината и блискоста со природата. Неговите широко отворени ливчиња потсетуваат на искрена детска насмевка, како белиот гербер кој претставува симбол на вистина и чистота. Жолтиот гербер е посветен на Сонцето, претставувајки го животот, оптимизам и разбирање. Црвениот гербер ги носи чувствата на љубовта, додека розевиот означува восхит и чест. 
Одличен Осмомартовски подарок за Вашите блиски, или подарок со кој ќе искажете почит и благодарност кон секоја жена во Вашата компанија.

Можете да одберете еден или три гербери во стаклена вазна. Картичка за лична порака е вклучена.
Боите зависат од моменталните количини.
450 0 ден.

Порачај букет до 14:30 за испорака истиот ден!

Совети за одгледување и промоции?