City Flowers Skopje

Кутија со цвеќе Слатки чувства

Уште пред стотици години, цвеќињата биле едни од најубавите подароци преку кои се изразувале слатките чувства на љубов, пријателство, благодарност или восхит. Ако го барате идеалниот подарок, насочете го своето внимание кон овие извонредни цвеќиња, шарено насликани како во бајка и ставени во прегратка. Испратете ги своите чувства и емоции на оптимизам, радост и ведрина со прекрасните хризантеми, кои воедно се и симбол на мудрост и доблест.

Овој цветен дизајн доаѓа во една големина. Картичка за лична порака е вклучена.

1690 0 ден.
Кутија со цвеќе Радост

Живописна комбинација на богати и јаки бои на црвени рози, зелена хризантема, бела еустома и хиперикум. Софистициран цветен дизајн кој со сигурнот ќе ја импресионира личноста која ќе го добие и ќе предизвика вистинска радост.

Доаѓа во една големина заедно со картичка за лична порака.

1990 0 ден.
Кутија со цвеќе Зимска Приказна

Овој микс на бела еустома, ориентален крин и хризантема со сигурност ќе предизвика пријатно изненадување, широка насмевка и топлина во душата. Одличен избор за роденденски подарок, годишнина или пак подарок без причина.

Овој цветен дизајн доаѓа во една големина. Картичка за лична порака е вклучена.

1790 0 ден.
Кутија со цвеќе Шармантна и шик

Прекрасен цветен дизајн од ориентален крин, црвени рози, гербери и хризантеми кој ќе ви помогне да ги откриете вашите чувства.  Кога личноста од вашите соништа е едноставна, а сепак шармантна и шик...

Доаѓа во една големина заедно со картичка за лична порака.

1780 0 ден.
Пролетна Убавина
Впечатлив и богат цветен дизајн исполнет со љубов и топлина. Прекрасните бои на хризантемата и алстромеријата, во комбинација со прекрасната бела ружа привлекуваат внимание и даваат чувство на ентузијазам, ведрина и радост. Совршен подарок за вашите сакани и блиски личности.

Можете да одберете помеѓу две комбинации на бои: 1) лила со бела, или 2) крем со бела. 
Овој дизајн доаѓа во една големина. 
Картичка за лична порака е вклучена.

1600 0 ден.
Кутија со цвеќе Волшебно изгрејсонце

Овој цветен дизајн е еден од оние на кои не можете да кажете не, всушност го посакувате веднаш штом ќе го видите – љубов на прв поглед :)  Впрочем тоа е и целта на цвеќето – моќта да го магепса човекот е оромна и единствена.

Доаѓа во една големина заедно со картичка за лична порака.

2290 0 ден.
Букет цвеќе Експресија на љубов

Овој букет, како што кажува и неговото име, Експресија на Љубов, преку црвените рози и леукадендронот ќе ви помогне на вистински начин да ја пренесете целата љубов и страст која ја имате во вашето срце.  Богатите црвени рози во придружба на личниот леукадендрон и прекрасното зеленило креираат перфектен цветен дизајн. Внимателно спакуван во специјално дизајнирана кутија и картичка со лична порака, претставува одличен начин да ги изразите вашите најдлабоки и најромантични чувства.

На фотографијата е прикажана L големината, а можете да одберете и помеѓу XL или XXL големина.

 

1795 0 ден.
Кутија со цвеќе Разнобојни зраци

Разновидноста на боите предизвикува чувства на живост и возбуда. Без разлика дали вашата личност е бурна или пак исполнета со ентузијазам и среќа, сигурно е дека секој кој ќе го добие овој цветен дизајн ќе биде пресреќен!

Доаѓа во една големина заедно со картичка за лична порака.

1900 0 ден.
Букет цвеќе Виолета

Сакате современ и модерен изглед?  Бујните рози, миризливиот крин и прекрасната алстромериа искомбинирани заедно со љубов во овој прекрасен букет ќе ви помогнат да добиете современ и модерен подарок .
Останува уште да одберете колку голем и богат да биде вашиот подарок, М големина како на фотографијата или L големина.

1710 0 ден.

Совети за одгледување и промоции?