City Flowers Skopje

слика од Еквадорска роза во кутија ново
Еквадорска роза во кутија
Ружата е симбол на убавина и посветеност која има моќ да ги привлекува и инспирира луѓето, зајакнувајќи ги нивните врски. 
Црвените ружи, класични и стилски, се совршен израз на романтиката и љубовта.
Од друга страна пак, розевите ружи се симбол на благодет, нежност, почит, среќа и радост. Подарувајки букет со розеви ружи можете да покажете задоволство, благодарност и радост кон примачот бидејки го имате покрај Вас како блиска личност. 
Воедно, розевите ружи претставуваат слатки мисли и нежни емоции - невина љубов која може да прерасне во подлабока љубов. 

Можете да одберете помеѓу три бои (црвена, бела и розе)  и,  една Ружа во стаклена вазна (прикажана на фотографијата) или пак три Ружи во стаклена вазна. Вклучена е и картичка за лична порака.
450 0 ден.
слика од Букет цвеќе Ирис ново
Букет цвеќе Ирис

Понекогаш, се што ни е потребно, е еден убав букет со свежо свеќе од весели бои кои ќе ни го згрее срцето и ќе ни предизвика радост во душата.
Сакате да го разубавите денот на вашата личност? Бидете сигурни дека нема да погрешите со овој избор.
Претставува одличен начин да искажете благодарност или пак да испратите честитки за секоја пригода.

На фотографијата е прикажана М големина, а истиот букет можете да го одберете и во L и XL големина.

1650 0 ден.
слика од Ткаени Нијанси ново
Ткаени Нијанси

Пораката што едноставно не може да се пренесе преку зборови дефинитивно ќе го најде својот пат до срцето на саканата личност преку овој импресивен букет.

Одличен избор за одбележување на годишнина, роденден или едноставно без причина некому да го развеселите денот.

Доаѓа во четири големини: XXL големина, XL, L големина (прикажана на фотографијата) и М големина. Изборот е Ваш. Картичка за лична порака е вклучена.

1610 0 ден.
Кутија со цвеќе Снежна убавина

Белиот крин потсетува на чистотата на младоста и благородноста на срцето, розите ја симболизираат убавината, честа и посветеноста, алстромеријата и хризантемата претставуваат доверба, невиност и благодарност.
Изразете ја вашата почит и пријателство со прозрачен и елегантен цветен дизајн кој ќе предизвика нежна и благодарна насмевка.

Доаѓа во една големина заедно со картичка за лична порака.

1800 0 ден.
слика од Букет цвеќе Романтичен сон ново
Букет цвеќе Романтичен сон
Нежноста и благодарноста се сметаат за доблест, квалитети со голема вредност. Нијансите на лила и розе боја на Хризантема заедно со Розата пробудуваат топли и нежни чувства кон оној кој ќе го прими овој прекрасен букет. Заедно во комбинација со Алстромеријата се вистинско уживање за очите и душата.

Одличен избор за одбележување на годишнина, роденден или едноставно без причина некому да го развеселите денот.

Доаѓа во четири големини: XXL големина (прикажана на фотографијата), XL, L и М големина. Изборот е Ваш. Картичка за лична порака е вклучена.

1820 0 ден.
слика од Букет цвеќе Бели Мириси ново
Букет цвеќе Бели Мириси

Фантастичен, а воедно и сигурен избор. Овој цветен дизајн е еден од оние кои одговараат за секоја пригода, за машко или женско, за помлади или повозрасни. Преубава комбинација на прекрасниот миризлив ориентален крин, убавината на белите рози и единствената бела хризантема која додава убав деликатен елемент.

Доаѓа во четири големини: M, L големина (прикажана на фотографијата) и XL големина. Изборот е Ваш. Картичка за лична порака е вклучена.

1870 0 ден.
Замија
Вашите блиски пријатели или деловни партнери ве поканија на севечно отварање на новиот изложбен салон или деловен простор? Одличен подарок за пригоди од ваков тип претставува ова саксиско растение кое со сигурност ќе предизвика задоволство кај примателите. Не бара многу светлина и одлично се прилагодува во потемни простории.

Растението доаѓа со керамичка саксија, а на вас остнува да одберете големина на растението.
Картичка за лична порака е вклучена.
1480 0 ден.
Спатифилум
Вистинска убавица која одлично ќе ја надополни секоја просторија во вашиот дом или како подарок за вашите најблиски. Прекрасните бели цветови на долгите гранки надополнети со зелените сабјести листови пленат со својата убавина и грациозност. 

Растението доаѓа со керамичка саксија, а на вас остнува да одберете големина на растението.
Картичка за лична порака е вклучена.
1190 0 ден.

Совети за одгледување и промоции?