City Flowers Skopje

слика од Кутија со цвеќе Срце од Рози ново
Кутија со цвеќе Срце од Рози
Розата е кралица на цвеќињата кога зборуваме за страсна и вечна љубов и искрена посветеност. Црвените рози се класичен избор, полн со шарм, елеганција и различност, јасно комуницирајќи ги чувствата на давателот. 
Одличен подарок за Вашата сакана личност за одреден ден или пак изненадување без одреден повод.
2970 0 ден.
Букет цвеќе Една и единствена

Класичен и стилски, овој букет е совршен израз на романтиката и љубовта. Можете да го испратите за секоја пригода или пак и без некаков повод и очекувајте таа повторно за се заљуби во вас.

Овој цветен дизајн доаѓа во повеќе големини. На фотографијата е прикажан букет од 7 рози, а истиот букет можете да го одберете и во различна големина.

За поголема количина на рози, најдобро е пред вашата нарачка да нѐ консултирате за достапноста во моментот.

1500 0 ден.
слика од Букет цвеќе Црвени Рози ново
Букет цвеќе Црвени Рози

Црвените рози се цветови на убавина, страст, желба и достоинство. Силен симбол на љубовни чувства, но и почит, чест и успех.  Овој сноп од рози претставува совршен начин да ја искажете својата љубов, особено ако вашиот гест е придружен со неколку зборови од Вашето срце.

На фотографијата е прикажана големина со 51 роза, а можете да одберете помеѓу различни големини. Картичка за лична порака е вклучена.

3550 0 ден.
слика од Кралица ново
Кралица

Овој 8-ми Март во соработка со креативното студио "Тиноски" имаме одличен заеднички предлог подарок – Сетот КРАЛИЦА. Уникатен цветен аранжман во шолја за пиење со дизајн од Тиноски. Во комбинација со црвените ружи, класични и стилски, овој подарок може да претставува совршен израз на вашата љубов и почит. Подарете љубов на уникатен начин.

Картичка за лична порака е вклучена. Шолјата  е наменета за употреба по отстранување на цветниот аранжман.

1250 0 ден.
Разигран Фустан

Заводливи рози … се насмевнуваат нежно за да го разубават денот на драгата личност. Совршени за млади љубовници.

Нежните рози во деликатни и убави нијанси, се чини дека се господари на чувства на искрена љубов, благодарност и почит. Како симбол на неспоредлива убавина, чест и доверба, посветеност кон најблиските, розите се секогаш вистински избор за пријатно изненадување и споделување на вашите емоции. Пригоден подарок за одбележување на важни настани и испраќање на вашите најдобри честитки.

На фотографијата е прикажана M големина со 11 рози.  Картичка за лична порака е вклучена.

1800 0 ден.

Совети за одгледување и промоции?