Cityflowers.mk врши испорака само на територија на Град Скопје и истата е секогаш бесплатна.
Поради новонастанатата ситуација со Covid 19 имаме промени во времето на испорака на нарачките и истата се извршува:
- од денес за утре
, секој работен ден од Понеделник до Сабота.
Испораката на производите се извршува во период од 10.00 до 16.00 часот, од Понеделник до Петок, и од 10.00 до 14.00 часот во Сабота.
Дополнително по стабилизирање на ситуацијата ќе Ве информираме кога услугата испорака во истиот ден или ден за ден, ќе биде повторно достапна.
Имајте во предвид дека во Недела и државни празници не испорачуваме подари тоа што нашиот став вели дека покрај работата, вработените треба да имаат слободно време за дружење со себе, семејството и пријателите. Од тие причини во Сабота работиме со скратено работно време, а Неделите и празниците ги користиме да се релаксираме и празнуваме.
Со цел да ја зачуваме свежината на нарачаните цвеќиња, а воедно и да ги заштитиме при испораката, изработивме соодветни кутии во кои ќе пристигне вашиот букет. Понекогаш, во зависност од големината на самите цветови и бројот на стебла кои сте го одбрале, доколку букетот е поголем од кутијата, го испраќаме завиткан во украсна натур хартија во која е повторно соодветно заштитен.
Заедно со цвеќето, ќе добиете и храна за цвеќе, упатство за грижа и картичка со персонализирана порака.
Имајте во предвид дека понекогаш цветовите ќе пристигнат во форма на пупка, па од таа причина ќе изгледаат поразлично од фотографиите. Дадете им време :) пупките ќе расцветаат во прекрасни цветови, како што и очекувате, а воедно ќе им овозможат на примателите да уживаат во нината убавина подолг временски период.
Не, можете да купите производ и без да се регистрирате. Потребно ќе биде да ги пополните само полињата кои се задолжителни.
Нашата цел е да бидете комплетно задоволни со цвеќињата кои ги купувате од кај нас и правиме се да излеземе во пресрет на секое барање. Доколку од било кои причини не сте задоволни од испорачаното цвеќе Ве молиме контактирајте не на следниов телефонски број 070 272728 или пак пополнете ја оваа контакт форма за рекламација, во текот на истиот ден кога е извршена испораката. Откако ќе ја разгледаме вашата рекалмација, ако е одобрена ќе ви бидат рефундирани вашите средства или ќе ви биде испратено ново цвеќе.
Не дозволуваме да се извршуваат било какви промени или пак да се откажуваат направените нарачки 48 часа пред датумот за испорака.
Откако ќе ја направите нарачката, на вашиот екран ке се појави порака дека вашата трансакција е успешна "УСПЕШНА ТРАНСАКЦИЈА" , а воедно и на вашата емаил адреса ќе добиете повратен емаил за вашата нарачка со сите детални информации за истата.
*** Доколку не добиете потврда за "УСПЕШНА ТРАНСАКЦИЈА" значи дека имало проблем при нарачката и истата не е реализирана. Во овој случај проверете да не сте направиле пермутација на броевите при внесувањето на податоците од вашата платежна картичка, проверете ја состојбата на вашата платежна картичка и обидете се повторно да ја направите нараката. Доколку ви е потребна помош Ве молиме контактирајте не на следниот телефонски број 070272728 или емаил info@cityflowers.mk
Плаќањето на нарачките може да се изврши преку користење на платежна картица.
Плаќањето за вашата нарачка можете да го направите со:
За секоја успешна нарачка и плаќање ќе ви биде испратена електронска фактура на вашата емаил адреса која сте ја оставиле за контакт.