Спатифилиум - корисно и преубаво растение за вашиот дом

City Flowers Skopje

На јазикот на цвеќињата спатифил значи: „Јас ќе те штитам“. Придавањето на ова симболично значење потекнува најверојатно од обликот на неговиот завиен и заштитен цвет. Подарување на овој цвет е знак на симпатија и наклонетост, а белата боја симболизира чистина и мирољубие. Спатифилумот спаѓа во групата на растенија кои се природни прочистувачи на воздухот.

Слика од спатифилум со бели цветови во саксија
 

Кои се идеалните услови за вашиот спатифилиум?

Spathiphyllum wallisii потекнува од Колумбија и е најпознатиот и најпопуларниот вид кој се одгледува од оваа фамилија на растенија. Многу е едноставен за одгледување и е лесно прилагодлив на условите на скоро секој дом. 

Еве кои се оптималните услови за одгледување на спатифилиум:

  • Спатифилиумот сака светлина, но не и директна изложеност на сонце. Чувајте го на добро осветлно место. Може да опстане и на помалку светли места, но веројатноста да процвета во такви услови е многу мала.

  • Идеално е почвата да се одржува влажна, но не и мокра! Ова растение потекнува од латино-американските прашуми каде влажноста е многу висока, па затоа за време на топлите летни денови залевањето треба да биде почесто. Во зима залевајте поретко, но не дозволувајте да дојде до пресушување на почвата.

  • Најдобро е да се одгледува на собна температура од 20-25 °C. Не поднесува ниски температури.

  • Поголемо количество на влага во воздухот е добредојдено во текот на целата година. Пожелно е повремено да се прскаат листовите со прскалка со чиста вода. 

  • Во текот на летото, најдобро е да го прихранувате еднаш неделно. Кога ќе дојде есента, престанете со прихраната се до почеток на пролетта кога дневните температури се зголемуваат и денот трае подолго. 
    *Ве молиме внимавајте со прихраната и секогаш употребувајте ја соодветната количина наведена на упатството!

  • Доколку саксијата во која го чувате спатифилумот станува се помала во однос на растението, најдобро е да го пресадите. Направете го тоа на пролет и внимавајте на дното на новата саксија да има пропуслив слој.
     
Пресадување на Спатифилиум
 

Најчести проблеми кај Спатифилиумот

  • Листовите се надвиснати и делумно овенати. Ова се најчести знаци дека вашиот Спатифилиум се суши и му недостига вода. Потопете го растението заедно со саксијата во сад со вода и оставете го неколку минути или се додека земјата целосно не се натопи. Во иднина полевајте го Спатифилиумот почесто.

  • Спатифилиумот нема цветови. Најчести причина за недостаток на цветови е недостатокот на хранливи материи во земјата. Потербно е да додадете прихрана на вашиот Спатифилиум. Исто така, прегледајте ги корените за да видите дали е неопходно пресадување. Зголемете ја влажноста на воздухот со прскање вода на листовите. Доколку растението е преголемо, можеби е потребно да го поделите во две саксии. 

  • Листовите се малку пожолтени - Растението е премногу изложено на директна светлина. Преместете го растението во посенливо место, без директна изложеност на сончева светлина. 

  • Листовите пожолтуваат, а на долната страна од листот има пајажина. Најчест причинител на ова заболување е ларват на црвениот пајак - red spider mite. Третирајте го Спатифилиумот со Дерис, Малатин или систематичен инсектицид и зголемете ја влажноста на воздухот. 
    Претходно консултирајте се за дозата и начинот на употреба на инсектицидот со специјализирано лице или со вработените во земјоделските аптеки.

  • Листовите се деформирани и лепливи поради мали зелени инсекти - зелени вошки. Третирајте го вашето растение со Пиретрум или сличен систематичен инсектицид. 
    Претходно консултирајте се за дозата и начинот на употреба на инсектицидот со специјализирано лице или со вработените во земјоделските аптеки.


    Бел цвет од Спатифилиум
     

    Името на Спатифилиумот, или Peace lily - Цвеќе на Мирот, доаѓа од чисто белите цветови кои личат на бели знаменца кои симболизираат предавање на битката и побарување мир.
    Доколку сакате да изненадите некој од Вашите блиски, или пак да си го купите ова прекрасно растение за Вашиот дом, можете да го нарачате на следниот
    линк, со бесплатна достава до одбраната локација.

Последни објави

Совети за одгледување и промоции?