Совети како да уживате во вашиот букет подолг временски период

City Flowers Skopje

Цвеќето е несомнено најдобриот подарок, без разлика за која пригода се испраќа. За уживањето во него да биде уште поголемо односно да трае подолго, во продолжение ви откриваме неколку совети како да се грижите за вашиот букет свежо цвеќе:

1.     Најпрво отстранете ја хартијата во која е спакуван букетот.

2.     Земете чиста вазна и наполнете ја 2/3 со вода. Колку е почиста вазната толку помалку има простор да се развијат бактерии, што значи вашиот букет ќе трае подолго.

3.     Истурете ја кесичката со храна за букетот во водата и промешајте. Следете го даденото упатство на храната за дозирање на истата. Кесичката се наѓа во кутијата во која е спакуван букетот.
Друго решение наместо храната за букетот е да направите мешавина од 2 лажици бел оцет и 3 лажици шеќер во еден литар вода.

4.     Исечете ги стеблата на секое цвеќе во букетот 1-2 см накосо. Ова ќе му овозможи на цвеќето подобро да ја апсорбира водата. Оваа постапка можете да ја повторувате на секои 2-3 дена.

5.     Одстранете ги сите зелени листови од стеблата, кои се наоѓаат под површината на водата, со цел да не дозволите да се развијат бактерии.

6.     Ставете го букетот во вазната и на секои 2-3 дена надополнувајте со вода. Доколку водата стане нечиста, променете ја. 

7.     Постојано одстранувајте ги сите овенати листови и цветови. Секој цвет има различно време на траење.

8.     Поставете го букетот свежо цвеќе подалеку од директна сончева светлина и други извори на топлина како што се телевизорот, грејни тела, кујнски апарати итн. 

9.     И секако не заборавајте да уживате секојдневно во прекрасното друштво на вашето цвеќе :)

Ако имате прашања или ви се потребни дополнителни информации околу грижата за вашиот букет свежо цвеќе слободно пишете ни на info@cityflowers.mk  и нашиот тим ќе одговори на вашето прашање во најкус можен рок.
 

Последни објави

Порачај букет до 14:30 за испорака истиот ден!

Совети за одгледување и промоции?