Препознајте што му се случува на вашето растение

City Flowers Skopje

Дали сте знаеле дека појавата на кафени листови кај вашето растение и нивно овенување, не секогаш е предизвикано од недостаток на вода?

Напротив, ова е многу почеста појава од прекумерно наводнување.
Прочитајте во продолжение како да препознаете што се случува со вашето раастение и како правилно да му помогнете.
 

НАВОДНУВАЊЕ

Премногу вода


Знаци: Овенати жолти или кафени листови, меки листови. Темно кафени и меки корени. Мокра земја.

Решение: Оставете земјата да се исуши пред повторно да го полевате растението. Полевајте со помала количина на вода. Доколку е возможно пресадете го.
 

Премалку вода

Знаци: Суви кафени листови, листови кои паѓаат. Сува и тврда земја

Решение: Полевајте го растението почесто и ако е возможно ставете го во влажна средина. Пред повторно да заживее, тргнете го од директна сончева светлина.
 

СВЕТЛИНА

Премногу сончева светлина

Знаци: Избледени листови со темно жолтеникава боја, суви крцкави листови

Решение: Преместете го на сенка, на локација каде има поголема влажност. Наводнувајте го и отстранете ги сувите делови.
 

Недоволно сончева светлина

Знаци: Мали, бледи листови, слаби и жолтеникави во долниот дел на растението. Слаб раст со тенки стебла

Решение: Преместете го на посончева локација, држете ги прозорците отворени, доколку растението е во внатрешна просторија, и ставете му мали стакленца на земјата кои ќе одбиваат светлина.
 

ШТЕТНИЦИ

Знаци: Деформирани листови, дупки во листовите, свиткани листови, бели линии...

Решение: Дел од штетниците може да бидат отстранети со раствор од течен сапун. Доколку не успеете прашајте во билните аптеки за појако средство.
 

ИСХРАНА

Дефицит на исхрана

Знаци: Жолти листови и слаби стебла, кафени и болни рабови на листовите

Решение: Пресадете го растението во нова земја во поглема саксија каде корените би имале повеќе место за растење. Прихранувајте најмалку еднаш до два пати месечно во текот на целото лето, а во текот на зимата не треба да се прихрануваат бидејки најголемиот број на растенија се во фаза на мирување.

Последни објави

Порачај букет до 14:30 за испорака истиот ден!

Совети за одгледување и промоции?