Монстера (Собен филадендрон) - Правилна нега и одржување

City Flowers Skopje

Познатото име Монстера го добила од францускиот ботаничар Адансон во 1763 година, а најверојатно се однесува на необичниот облик на листовите со длабоки исечоци, кои може да дадат „монструозен“ изглед и на нејзината способност да расте и до 20м висина во правилни услови.

Најраспространетата украсна сорта е Monstera deliciosa која потекнува од Мексико.
На постарите растенија понекогаш се појавува бел цвет со бели топчиња кои мирисаат на овошје, па позната е и под името „овошна салата“ или „мексички овошен колач“. Ознаката на сортата deliciosa се однесува на вкусните плодови кои можат да се јадат кога ќе добијат жолтеникава накај кафена боја.


 

Павилна нега и одржување 
 

1. Светлина: Најдобро е да се одгледува на светло место, но никако на директно сонце и многу топлина.

2. Температура: Оптимална температура за раст е од 20 - 35 °C. Бидете претпазливи во зима бидејќи температурата не смее да падне под 12°C. Монстерата добро поднесува топлина од централно греење.

3. Наводнување и прихрана: Не треба премногу да ја залевате и најдобро е да се исуши почвата помеѓу две залевања. Препорачливо е тоа да биде еднаш неделно. Редовно прихранувајте ја од почеток на пролет до почетокот на есента.

4. Влажност: Нормалната собна влага е доволна иако ова растение преферира да расте во повлажни услови.

5. Тресет: За одгледување погодна е секоја плодна земја побогата со хумус и тресет. Може да се одгледува и како хидрокултура .

6. За монстерата не постои право време за мирување. Во зима единствено е забавено ширењето на нејзините листови.

7. Монстерата е ползечко растение и поради таа цел кај поголемите растенија потребна е потпора.



Најчести проблеми

1. Црни дамки на листовите - премногу е ладно, преместете ја на потопло место

2. Долните листови жолтеат, а потоа стануваат кафени, најчесто во зима - премногу залевате. Дозволете добро да се исуши почвата за да се опорави и поретко залевајте.

3. Листовите се бледи и спржени, со округли дупчиња на спржените места - премногу е изложена на директно сонце. Преместете ја на место под сенка, но со доволно светлина.

4. Листовите бледеат - недостаток на храна. Во периодот кога расте прихранувајте ја секоја недела.

5.  Листовите се бледи, а од долната страна има пајажина - Ларва на црвениот пајак. Третирајте со дерис, малатин или некој систематичен инсектицид. Зголемете ја влажноста на воздухот.

Ова растение е лесно за одгледување и генерално отпорно на штетници. Во случај да се појават некои од нив, третирајте со соодветни растителни препарати против истите.

Симтом: Листовите стануваат кафени и крцкави на краевите.
Причина: Недостаток на вода или високо количество на соли во почвата

Симптом: Венеење и сува почва.
Причина: Недостаток на вода или премала саксија. Отстранете ги овенатите делови и пресадете го во соодветна саксија.

Симтом: Жолтеење, светло жолти листови и/или црни дамки додека почвата е влажна
Причина: Пренаводнетост.

Симтом: Листовите се свиткуваат, но сеуште се зелени.
Причина: Саксијата е премала и има недостаток на вода. Доколку се јавуваат пожолтени листови, се работи за премногу вода. Можно е да настане и од ладен шок.
 

Доколку сакате да изненадите некого со прекрасна Монстера можете да нарачате на следниов линк, а останатите растенија од нашата понуда можете да ги разгледате тука.

Последни објави

Совети за одгледување и промоции?