Симболика и Значење на Боите на Розите

City Flowers Skopje

Дел 3: Жолти Рози - Која е нивната симболика и кои се најсоодветните пригоди за да ги подарите

Жолтите рози потекнуваат од Блискиот исток. Од страна на европејците тие биле откриени во 18 -тиот век во Авганистан и југоисточна Азија, каде цветеле природно во нијанси од бледо до сулфурна жолта. Потоа со развивањето на методите за нејзино култивирање и одгледување, жолтата роза многу брзо ја постигнува целата своја ведра, оптимистичка слава и посебност. Нејзината боја е тесно поврзана со сонцето и со тоа ова роза симболизира среќа, радост, расположение и грижа.
 

симбол на сонцето

 
Пригоди за кои жолтите рози се вистинскиот подарок 

Пријателство, почит, благодарност.Овие рози се совршени кога се слават сите видови на пријателства. Тие испраќаат порака на платонска љубов без романтични намери. Затоа бидете претпазливи на кого ги подарувате, бидејќи може да пратат сигнал дека сте заинтересирани само за пријателство со таа личност. Бојата исто така претставува чувства на радост, задоволство, топлина и благодарност. Вообичаено е розите од оваа боја да се поклонат како знак на пријателство и почит.ж

Овој цвет изразува радосни емоции, среќа, позитивен став.

Жолти рози може да дадат едни со други луѓе кои одамна се во брак. Во овој случај, тие ќе ја симболизираат почитта, признанието и среќата во семејниот живот.

Помирување, простување.Малкумина знаат дека жолтиот букет може да се претстави како знак на помирување. На пример, ако сте имале расправија со другата половина, тогаш букет свежи и мирисни жолти рози ќе значи дека сте спремни да простите.

букет со жилти рози

 

Последни објави

Совети за одгледување и промоции?