Често поставувани прашања

City Flowers Skopje

Дали испораката може да се изврши истиот ден?

Cityflowers.mk врши испорака на територија на Град Скопје и истата е секогаш бесплатна.
Испораката се извршува:

-  од денес за утре

, секој работен ден од Понеделник до Петок.

Испораката на производите се извршува во период од 10.00  до 16.00 часот, од Понеделник до Петок

Имајте во предвид дека во Сабота, Недела и државни празници не испорачуваме подари тоа што нашиот став вели дека покрај работата, вработените треба да имаат слободно време за дружење со себе, семејството и пријателите. Од тие причини овие денови ги користиме да се релаксираме и празнуваме.

Како да нарачам ?
Чекор 1: Одберете производ
Чекор 2: Одберете од дадените опции за големина на букет / собно растение во украсна саксија или украсна хартија
Чекор 3: Одберете количина
Чекор 4: Кликнете на копчето "Внеси во кошничка" и производот е внесен во вашата кошничка
Чекор 5: Проверете ја состојбата во вашата кошничка и ако е се во ред кликнете на копчето 'кон плаќање' или ако сакате да продолжите да купувате и други производи кликнете на копчето 'продолжи со купување'
Чекор 6: Внесете ваши податоци 'Податоци за купувачот' . Ако купувачот е исто лице со примачот штиклирајте го полето 'Примачот е ист со купувачот?' и податоците автоматски ке се пополнат кај примачот . Доколку примачот е друго лице внесете ги неговите податоци во полето  'Податоци за примачот'
Чекор 7: Одберете датум на кој сакате да се изврши  испораката  
Чекор 8: Внесете ја пораката која сакате да биде напишана на картичката за порака,
штиклирајте го полето 'Се согласувам со условите и полтиките на купување' и кликнете на копчето 'Купи'
Чекор 9: Внесете ги вашите податоци од платежната картичка за да може да се изврши плаќањето и кликнете на копчето "Submit"
Чекор 10: Откако ќе го извршите плаќањето ќе добиете порака "УСПЕШНА ТРАНСАКЦИЈА"  и потврда за вашата нарачка на вашиот емаил кој сте го оставиле за контакт.
*** Доколку не добиете потврда за "УСПЕШНА ТРАНСАКЦИЈА"  значи дека имало проблем при нарачката и истата не е реализирана. Во овој случај проверете да не сте направиле пермутација на броевите при внесувањето на податоците од вашата платежна картичка, проверете ја состојбата на вашата платежна картичка и обидете се повторно да ја направите нараката. Доколку ви е потребна помош Ве молиме контактирајте не на следниот телефонски број 070272728 или емаил info@cityflowers.mk
Дали можам да нарачам предвремено?
Да, можете да направите нарачка од cityflowers.mk два месеци однапред односно доколку имате важен настан (роденден, годишнина и сл.) на одреден датум, можете да направите нарачка на подарок по ваша желба два месеци однапред, а ние ќе се погрижиме подарокот да стигне кај вистинската личност во вистинското време. 
Како ќе биде испорачан букетот кој го нарачав?

Со цел да ја зачуваме свежината на нарачаните цвеќиња, а воедно и да ги заштитиме при испораката, изработивме соодветни кутии во кои ќе пристигне вашиот букет.  Понекогаш, во зависност од големината на самите цветови и бројот на стебла кои сте го одбрале, доколку букетот е поголем од кутијата, го испраќаме завиткан во украсна натур хартија во која е повторно соодветно заштитен.
Заедно со цвеќето, ќе добиете и храна за цвеќе, упатство за грижа и картичка со персонализирана порака.

Имајте во предвид дека понекогаш цветовите ќе пристигнат во форма на пупка, па од таа причина ќе изгледаат поразлично од фотографиите. Дадете им време :) пупките ќе расцветаат во прекрасни цветови, како што и очекувате, а воедно ќе им овозможат на примателите да уживаат во нината убавина подолг временски период.

Дали за да купам производ од cityflowers.mk треба да се регистрирам?

Не, можете да купите производ и без да се регистрирате. Потребно ќе биде да ги пополните само полињата кои се задолжителни.

Што ако не сум задоволен/а од цвеќето?

Нашата цел е да бидете комплетно задоволни со цвеќињата кои ги купувате од кај нас и правиме се да излеземе во пресрет на секое барање. Доколку од било кои причини не сте задоволни од испорачаното цвеќе Ве молиме контактирајте не на следниов телефонски број 070 272728 или пак пополнете ја оваа контакт форма за рекламација, во текот на истиот ден кога е извршена испораката. Откако ќе ја разгледаме вашата рекалмација, ако е одобрена ќе ви бидат рефундирани вашите средства или ќе ви биде испратено ново цвеќе.

Дали може да извршам промена во мојата нарачка откако истата е потврдена?

Не дозволуваме да се извршуваат било какви промени или пак да се откажуваат направените нарачки 48 часа пред датумот за испорака.

Како ќе знам дека мојата нарачка е примена?

Откако ќе ја направите нарачката,  на вашиот екран ке се појави порака дека вашата трансакција е успешна "УСПЕШНА ТРАНСАКЦИЈА" , а воедно и на вашата емаил адреса ќе добиете повратен емаил за вашата нарачка со сите детални информации за истата.
*** Доколку не добиете потврда за "УСПЕШНА ТРАНСАКЦИЈА"  значи дека имало проблем при нарачката и истата не е реализирана. Во овој случај проверете да не сте направиле пермутација на броевите при внесувањето на податоците од вашата платежна картичка, проверете ја состојбата на вашата платежна картичка и обидете се повторно да ја направите нараката. Доколку ви е потребна помош Ве молиме контактирајте не на следниот телефонски број 070272728 или емаил info@cityflowers.mk
 

Кои типови на плаќање за извршените нарачки ги користите?

Плаќањето на нарачките може да се изврши преку користење на платежна картица.

Кои типови на платежни картици ги примате?

Плаќањето за вашата нарачка можете да го направите со:

  • Платежна картичка (MasterCard, Maestro, Visa, Diners) - Трансакцијата при плаќање на производот е пренасочена и се процесира преку порталот за наплата од платежни картички на НЛБ Тутунска Банка. Порталот ги користи сите организациски и најнови технички мерки за заштита на податоците и сите процеси се одвиваат преку сигурна конекција со банката.
  • Плаќањето со Diners Club картичка e автоматски фиксно на 6 рати, наложено од издавачот на картичката.

За секоја успешна нарачка и плаќање ќе ви биде испратена електронска фактура на вашата емаил адреса која сте ја оставиле за контакт.

Совети за одгледување и промоции?