Cityflowers.mk испорачува на територија на Град Скопје и има склучено договор за соработка со повеќе оператори за испорака на пратки. Нарачаните производи ќе Ви бидат испорачани до адресата која сте ја навеле како адреса за испорака.
Испорака на нарачкитесе извршува:
- од денес за утре
, секој работен ден од Понеделник до Петок.
Испораката на производите се извршува во период од 10.00 до 16.00 часот, од Понеделник до Петок..
Имајте во предвид дека во Сабота, Недела и државни празници не испорачуваме подари тоа што нашиот став вели дека покрај работата, вработените треба да имаат слободно време за дружење со себе, семејството и пријателите. Од тие причини овие денови ги користиме да се релаксираме и празнуваме.
Доколку курирот кој ја врши испораката не успее да Ве најде на дадената адреса и да Ви ја предаде пратката, ќе Ве контактира на телефонскиот број кој е оставен за контакт со примачот со цел да ја договори доставата. Од таа причина е многу важно при нарачката да оставите точни податоци и точен телефонски број. Истите се користат единствено при испораката.
Во моментот работиме на покривање на сите останати градови во Македонија со испорака. Доколку во меѓувреме имате потреба од испорака во некој од останатите градовите во Македонија, слободно контактирајте не со цел да ја договориме испораката.
Со цел да ја зачуваме свежината на нарачаните цвеќиња, а воедно и да ги заштитиме при испораката, изработивме соодветни кутии во кои ќе пристигне вашиот букет. Понекогаш, во зависност од големината на самите цветови и бројот на стебла кои сте го одбрале, доколку букетот е поголем од кутијата, го испраќаме завиткан во украсна натур хартија во која е повторно соодветно заштитен.
Заедно со цвеќето, ќе добиете и храна за цвеќе, упатство за грижа и картичка со персонализирана порака.
Имајте предвид дека понекогаш цветовите ќе пристигнат во форма на пупка, па од таа причина ќе изгледаат поразлично од фотографиите. Дајте им време на пупките да расцветаат во прекрасни цветови - онака како што очекувате, а примателите ќе можат да уживаат во нивната убавина подолг временски период.