City Flowers Skopje

Our Story

Здраво,

Се радувам што сте тука да се запознаеме. Јaс сум Ивана, економист по струка, цвеќар по љубов.

Идејата за City Flowers се роди како резултат на неколкугодишно поставување на едно исто прашање „Што сакам да работам, која работа допринесува да се чувствувам среќна?“. И конечно го најдов одговорот. Љубовта кон цвеќето и самата природа е таа која е тука постојано во мојот живот. Кога погледнав наназад сфатив дека половина од времето, покрај работата, го поминувам во садење цвеќе и зеленчук, собирање есенски лисја, косење на зелениот тревник.

Така, по неколку години работно искуство во неколку македонски компании, на кои сум им бескрајно благодарна за сè што научив, собрав храброст и решив да започнам да го работам тоа што го сакам.
Кога сме кај благодарноста, неизмерна е поддршката која ја добив, почнувајќи од најблиската фамилија и пријателите кои на свој начин со идеи, знаење, верба, љубов и насмевки дадоа свој придонес во реализацијата на приказната за City Flowers... а, завршувајќи со сите останати луѓе кои ги познавам - од секого секојдневно по нешто се учи.
Која е суштината... сакам да имаме сервис кој ќе ни овозможи на најлесен начин да споделиме љубов, да искажеме почит, да предизвикаме нечија насмевка со изненадување, и сето тоа да го направиме на брз, лесен и едноставен начин. Она во кое целам City Flowers да прерасне е во прв и најдобар сервис за испорака на свежо цвеќе во нашата држава. Сервис кој ќе ни овозможи и ние самите постојано да уживаме во убавината и прекрасните мириси на свежото цвеќе доставено до дома.

Токму таа, љубовта, квалитетната услуга и одличната меѓусебна комуникација се нашите водечки вредности.
Од љубовта кон цвеќето се родија и првите услуги:
  • Одгледување цвеќиња
  • Разубавување на летните тераси на ресторани и кафулиња
  • Цветни дизајни за настани
  • Уредување и одржување на дворни површини
  • Неделна испорака на свежо цвеќе до секој дом или компанија
  • Испорака на цвеќе како подарок, изненадување
  • Повеке инфо можете да најдете во делот за услуги
Благодарам уште еднаш што сте дел од нашата приказна. За сè што сакате да споделите со нас, било да се нови идеи, барање за цвеќе или други производи, пофалби и жалби пишете ни на следниот имејл info@cityflowers.mk.

Поздрав и секое добро,
Ивана

Cultivation tips and promotions?